Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јовановска Бошковска: Земјоделското осигурување како финансиска заштита е важна мерка за ублажување на потенцијалните загуби на земјоделцитите, помош има и од државата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Јовановска Бошковска: Земјоделското осигурување како финансиска заштита е важна мерка за ублажување на потенцијалните загуби на земјоделцитите, помош има и од државата
АгровестиАгросектор

Јовановска Бошковска: Земјоделското осигурување како финансиска заштита е важна мерка за ублажување на потенцијалните загуби на земјоделцитите, помош има и од државата

Објавено 15/05/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Новиот концепт на земјоделско осигурување кој го работи МЗШВ предвидува формирање на осигурителен пул, чија цел ќе биде осигурување на земјоделското производство на сите земјоделци. МЗШВ информираше дека се работи за брзо и подобро системско решение преку кое земјоделците исплатата на настанатата штета ќе ја добиваат во текот на истата година кога е настаната. Токму на оваа тема разговаравме со Надица Јовановска Бошковска, Извршен проектен директор на Еуропа РЕ, Швајцарија, која вели дека за ублажување на потенцијалните катастрофални финансиски загуби на земјоделците многу важна мерка е земјоделското осигурување како финансиска заштита.

-Климатските непогоди претставуваат сериозна закана за земјоделското производство. Нашата земја ги следи светските искуства и се стреми кон воспоставување на земјоделски осигурителен систем со цел да се заштити земјоделското производство. Каков е интересот на земјоделците за осигурувањето? Што најчесто осигуруваат? Дали може да се каже дека нашата земја има воспоставена култура за земјоделско осигурување?

Климатските промени се наметнуваат како сериозна закана за земјоделското производство. Со години земјоделците се соочуваат со влијанието на неповолните временски настани, како град, ран мраз, поплави, суши итн. кои влијаат врз нивниот принос. Токму затоа сметам дека осигурувањето како финансиска заштита од непредвидливите временски непогоди, претставува битна мерка за ублажување на потенцијалните катастрофални финансиски загуби на земјоделците, вели Јовановска Бошковска и додава дека на македонскиот осигурителен пазар долги години се нуди земјоделско осигурително покритие.

„Паралелно на тоа, државата во рамки на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството има воспоставена мерка т.н. Помош во премии и осигурување, преку која кофинансира 60% од премијата односно до 150.000 ден во апсолутна вредност. Целта е токму поддршка и поттик на земјоделците како и нивна финансиска заштита. Сепак, во реалноста се соочуваме со околу 4% осигурени земјоделци т.е. многу мал интерес од страна на земјоделците за осигурување на нивниот посев, плод, животно.  Па оттука сметам дека, за сектор кој е ранлив на временските непогоди како најповолно решение кое несомнено ќе влијае врз заштитата, довербата и сигурноста на земјоделецот е воспоставувањето на земјоделски осигурителен систем каде главни чинители на тој систем ќе бидат државата, земјоделците и осигурителните компании“, истакнува Јовановска Бошковска.

-Кои се придобивките од воспоставување на земјоделскиoт осигурителен пул?

„Воспоставувањето на земјоделски осигурителен систем има многу придобивки за земјоделците и целокупната економија. Некои од нив се: 1) финансиска заштита од загуби поради природни непогоди, 2) унифицирани услови, 3)ниски тарифи, 4)субвенционирана премија, 5)брза исплата на штета и 6) дисперзија на ризик. Токму овие придобивки се срочени во системското решение кое го предлага Владата, и се надевам заедно со земјоделците и осигурителните компании ќе успеат успешно да го реализираат“, вели Јовановска Бошковска.

Според неа, нашата земја ќе добие успешен систем за земјоделско осигурување од една страна и заштитени земјоделци од друга страна само доколку биде граден врз база на доверба, ефикасност и пазарни правила.

„Успешен систем за земјоделско осигурување се воспоставува само доколку сите чинители кои и претходно ги споменав, државата, земјоделците и осигурителните компании заеднички го градат врз база на доверба, ефикасност и пазарни правила. Во светот има повеќе слични примери на успешно воспоставени земјоделски осигурителни системи и тоа, Турскиот ТАРСИМ, Шпанскиот, Агросигуро, Пулот во Азербејџан, Израел, итн. Сите тие имаат свои специфичности, но едно е заедничко обезбедување на финансиска заштита на земјоделското производство базирана на доверба и соработка“, истакнува Надица Јовановска Бошковска, Извршен проектен директор на реосигурителата компанија – Еуропа РЕ, Швајцарија во интервјуто за Бриф.мк.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:земјоделско осигурувањенадица јовановска бошковска
Претходен напис Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
Следен напис Здрава почва+зелени бизниси=инвестиции во нашата иднина – Настан во организација на АРНО и Земјоделски институт Скопје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?