Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јован Наумовски од Битола- Прв занаетчија за давање на услужни дејности од областа на животната средина: „Солис 26“ е идеален трактор за оваа работа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > АгротимПРО > Јован Наумовски од Битола- Прв занаетчија за давање на услужни дејности од областа на животната средина: „Солис 26“ е идеален трактор за оваа работа
АгротимПРО

Јован Наумовски од Битола- Прв занаетчија за давање на услужни дејности од областа на животната средина: „Солис 26“ е идеален трактор за оваа работа

Последна измена: 08/01/2025 20:30
Сподели
5 мин. за читање
Сподели

Во 2022 година со проектот за самовработување на Владата што се реализираше преку Агенцијата за вработување, Јован Наумовски ја отвора првата фирма во Битола за уредување и одржување на животна средина – Урбан сервис Битола. Или поедноставно кажано, прв сервис за одржување на дворови и останати зелени површини.

Разговараме со Наумовски од каде идејата да се занимава со уредување и одржување на животна средина, дали има интерес од страна на граѓаните и каква механизација користи за извршување на работните операции.

– Прво тоа го работев за мои потреби, но кога ми требаше работа, поседувајќи афинитет кон дејноста се определив сериозно да се занимавам со одржување на дворови и зелени површини и тоа како сопствен бизнис. Праксата ми покажа дека не погрешив затоа што има потреба од ваква услуга и клиентите ме профатија со задоволство – вели Наумовски за Агротим.

За работа вели дека има и не само за услуги што ги бараат клиентите туку и за услуги што самиот ги воведува на пазарот.

-Задоволен сум од интересот на клинтите, особено тие што живеат во странство беа пријатно изненадени што конечно и во Македонија, во Битола се појави таков сервис. Имам комплетна опрема и механизација за извршување на работата. Тракторот го користам првенствено за обработка на почвата во урбани услови, поточно таму каде што просторот е ограничен за поголеми трактори. Мојот трактор е со помал габарит и лесно влегува во куќните дворови и порти. Се работи за Solis 26, мал компактен трактор, направен по светски стандарди и истовремено моќен. Поседувам три приклучоци за него, рипер, плуг за бавча и фреза – вели Наумовски.

Пред да го набави тракторот сите операции се правеле рачно и повлекувале многу работни часови, а работна снага за тие операции се потешко се наоѓаа.

-Недостигот на работна снага е се повеќе изразен и затоа механизирањето на работните операции е многу важно. Покрај тоа тракторот го користам и за чистење на почвата од грмови, ниско стеблести растенија, како капини, шипови, трлинки и сл. Со десетина премини на почвата се добива чиста површина погодна за.тревник или за понатамошна обработка.Тоа се прави со риперот, инаку за истата работа би биле потребни од 5-10 работници – објаснува Наумовски.

За соработката со Хемометал има само пофални зборови, вели дека делуваат како еден тим.

-За Хемометал треба да се спомене и подршката што ја даваат при експлоатација на алатите купени од кај нив, без разлика дали се работи во или вон гарантен рок. Потоа имаат посветени вработени, кога одам таму се чувствувам како да работиме за еден ист тим. Дефектите ги решаваме брзо и тоа се одразува со задоволство на моите клиенти, без да знаат дека имало можност работата кај нив да биде одложена или откажана.Така со нивната подршка договорените зафати се извршуваат и до 99%.Ретко се случува некоја работа да биде откажана. Соработката со Хемометал ќе продолжи и понатаму, како ќе се зголемува обемот на работа, така планирам да набавам и други други приклучни машини – утоварувач, нож за снег, приклучок за косење паркови, приколка и поголем трактор во иднина – изјави Наумовски и додава дека голема заслуга за успешноста на неговиот бизнис имаат и клиентите кои ја препознаа користа од услугите на сервисот.

-Благодарност и до клиентите, за нивниот приод кон новиот сервис, тие веднаш ја препознаа користа од новата услуга и за коректниот однос со мене. Битола, се надевам и Македонија се уште го негува еснафскиот дух, присутен генерации наназад, познат по мегусебната почит на учесниците во економијата и општо во животот – вели Наумовски и додава дека има добра соработка и со општината, издавањето на транспортни листови оди брзо, за исфрлање на градежен шут, стар мебел и друг отпад што го имаат граѓаните во домовите и дворовите.

Може да ви се допадне

ХЕМОМЕТАЛ: Во повик 05/2025 може да аплицирате за Машини за заштита од мраз за вашите овоштарници и лозја
Објавени повици за набавка на приклучна механизација, заштитни мрежи, системи за наводнување и бунари и опрема за преработка на фарма
Јавен повик 04/2025 за трактори: 600.000 денари неповратен грант, аплицирајте до 07.07.2025
(ВИДЕО) Белешовска: Субвенции, поволни кредити, зелена економија – ЗК Пелагонија има капацитет да го развие македонскиот аграр!
АгрИТ СОЛУШН: Иновативни решенија за потребите во земјоделството, шумарстството, катастарските услуги…
Таг:механизацијасолистракторхемометал
Претходен напис На 14 јануари ќе биде пуштен дел од патот Градско – Дреново, на 17-ти првата делница од пругата кон Бугарија
Следен напис ТРАКТОР СОЛИС 26 – Црна боја, лимитирана верзија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?