„John Deere е длабоко ожалостен поради ескалацијата на настаните во Украина“, се вели во соопштението од водечкиот светски производител на земјоделски трактори, во кое се нагласува дека нивен приоритет е безбедноста и благосостојбата на нивните вработени во регионот.
Запрени испораките за Русија и Белорусија
„Продолжуваме да ја поддржуваме и одржуваме блиската комуникација со нашите тимови погодени од ситуацијата и да им ги обезбедуваме потребните ресурси кога е можно. Нашите мисли се со нашите вработени, нивните семејства, како и со нашите трговци, клиенти и сите оние кои се погодени од оваа криза“, наредуваат тие.
Пред две недели оваа компанија ги прекинала сите испораки на машини во Русија, а потоа и во Белорусија. Оттаму посочуваат дека продолжуваат будно да ја следат ситуацијата, притоа почитувајќи ги американските и меѓународните санкции.
„Фондацијата John Deere работи со голем број организации, вклучително и неколку агенции на ОН, за мобилизирање ресурси за поддршка на Украинците погодени од кризата. Нашата мисија е, и секогаш била, да им помогнеме на нашите клиенти да го нахранат светот“, се вели во соопштението.
Caterpillar ја прекина работата во руските фабрики
Ос Русија се повлекува и компанијата Caterpillar, кои, како што пишуваат, се ожалостени поради трагичните настани во Украина и се надеваат на мирно решение на кризата.
„Ние се придржуваме до сите важечки закони и санкции што се наметнуваат, а истовремено се фокусираме на нашите вработени, трговци и клиенти“, велат, додавајќи дека водење бизнис во Русија станува сè поголем предизвик.
„Свесни сме дека ова е време на голема неизвесност за нашите вработени и ќе продолжиме да бараме начини да ги поддржиме“, заклучуваат тие. Инаку, преку нивната фондација донираа повеќе од милион долари за поддршка на итните и долгорочни потреби на украинската хуманитарна криза.
Claas сè уште не се огласи
Слична одлука се очекува и од германската компанија Claas, која отвори фабрика во Краснодар, Русија, во 2005 година и, според нивната веб-страница, стана првиот голем производител на земјоделски машини со сопствен погон во Русија. Има капацитет од 1.000 машини годишно и треба да се развие во локален центар за земјоделско инженерство. Во 2015 година вложија 120 милиони евра во проширувањето. Таму комбајни се произведуваат од почеток до крај, вклучувајќи обработка на метал, бојадисување и монтажа. Засега компанијата не ја коментира ситуацијата во Украина и Русија и не се огласува за евентуален прекин на работата во фабриката во Краснодар.
Извор: Аgroklub.com
