Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јавен повик 01/26 за доделување на дивечот во ловиштата на користење во ловните реони Охрид, Струга, Кичево, Кочани, Битола, Струмица и Неготино
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Јавен повик 01/26 за доделување на дивечот во ловиштата на користење во ловните реони Охрид, Струга, Кичево, Кочани, Битола, Струмица и Неготино
Јавни огласи и повици

Јавен повик 01/26 за доделување на дивечот во ловиштата на користење во ловните реони Охрид, Струга, Кичево, Кочани, Битола, Струмица и Неготино

Објавено 16/03/2026
Сподели
56 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јавен повик 01/26 за доделување на дивечот во ловиштата на користење во ловните реони Охрид, Струга, Кичево, Кочани, Битола, Струмица и Неготино.

1.Назив, адреса, телефонски број и електронска пошта на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство 
2.Предмет на Јавниот повик 
3.Цел на јавниот повик 
4.Инструкции во врска со изработката и поднесувањето на понудата 
5.Период за кој се доделува дивечот во ловиштата на користење 
6.Рок за поднесување на понудите 
7.Рок на важност на понудата 
8.Адреса на која се доставуваат понудите 
9.Видови на гаранции и услови на гаранциите 
10.Јазик на кој понудите треба да бидат напишани 
11.Услови кои мора да се исполнат од страна на понудувачите и документите со кои се докажува нивното исполнување 
12.Критериуми според кои се врши изборот на најповолна понуда 
13.Упатство за правно средство 
14.Висина на надоместок за користење на дивечот во ловиштата 
15. Други информации во врска со предметот: – Непотпишување на договор, наплата на банкарски гаранции за учество и  поништување на постапка – Плански документи – Промени и повлекување на понуди – Запазување на крајни рокови – Понуда – Начин на формирање на понудата – Отворање на понудите – Документи – Прашања
 АНЕКСИ 
АНЕКС  1Податоци за ловиштата 
АНЕКС  2Образец Писмо за понуда 
АНЕКС  3Банкарска гаранција за десетгодишен надоместок за користење на дивечот во ловиштето 
АНЕКС  4Изјава на понудувачот заверена на нотар дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари 
АНЕКС  5Изјава 
АНЕКС  6Модел-договор за користење 
АНЕКС  7ПРИЛОГ – ЕТИКЕТИ 

1. Назив, адреса, телефонски број и електронска пошта на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

ул.„Ленинова“ бр.2, 1000 Скопје, Република Северна Македонија,

контакт телефон +389 2 313 44 77,

www.mzsv.gov.mk.

Постапката за доделување на дивечот во ловиштата на користење ќе ја спроведе Комисијата за спроведување на постапка за доделување на дивечот во ловиштата, формирана со решение бр. 50-2968/2 од 09.03.2026 година а согласно Законот за дивечот и ловството („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 263/23, 170/24 и 132/25) и Одлука за распишување јавен повик за доделување на дивечот во ловиштата на користење во ловните реони ОХРИД, СТРУГА, КИЧЕВО, КОЧАНИ, БИТОЛА, ПРИЛЕП, СТРУМИЦА и НЕГОТИНО, со бр.50-2968/1 од 09.03.2026 година.

Понудувачите може да поднесат понуда за едно или повеќе од едно ловиште за доделување на дивечот на користење, но не повеќе од една понуда за едно ловиште а понудата се доставува на начин и форма утврдени со тендерската документација.

Во постапката за доделување на користење на дивечот во ловиштата може да учествуваат домашни и странски правни лица регистрирани за дејност лов и траперство или општа клаузула за бизнис со регистрирана подружница во Република Северна Македонија за лов, траперство и соодветни услужни дејности, согласно со  Законот за трговските друштва, Законот за здруженија и фондации и Националната класификација на дејности и кои подигнале тендерска документација.

  • Предмет на Јавниот повик

Предмет на јавниот повик е доделување на дивечот во ловиштата на користење кои се востановени со Одлуката за востановување на ловишта на територијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.260/24) и тоа:

Реден бројЛовиште бројИме на ловиштетоВреметраење на користење (во години)  Проценета вредност на недвижните ствари во денари
12345
ОХРИДСКО-ПРЕСПАНСКО ЛОВНОСТОПАНСКО ПОДРАЧЈЕ
Ловен реон ОХРИД
15„Косел“20Нема доставено
Ловен реон СТРУГА
25„Дрслајица“20Нема доставено
КИЧЕВСКО-БРОДСКО ЛОВНОСТОПАНСКО ПОДРАЧЈЕ
Ловен реон КИЧЕВО
37„Букојчани“20Нема доставено
48„Стрелци“20Нема доставено
59„Цер“20Нема доставено
БРЕГАЛНИЧКО ЛОВНОСТОПАНСКО ПОДРАЧЈЕ
Ловен реон КОЧАНИ
64„Соколарци“20Нема доставено
ПЕЛАГОНИСКО ЛОВНОСТОПАНСКО ПОДРАЧЈЕ
Ловен реон БИТОЛА
712„Драгор“20Нема доставено
 СТРУМИЧКО ЛОВНОСТОПАНСКО ПОДРАЧЈЕ
Ловен реон СТРУМИЦА
87„Тркање“20Нема доставено
98„Василево“20Нема доставено
109„Босилово“20Нема доставено
ДОЛНОВАРДАРСКО ЛОВНОСТОПАНСКО ПОДРАЧЈЕ
Ловен реон НЕГОТИНО
115„Дисан“20Нема доставено
126„Војшанци“20Нема доставено
138„Пештерница“20Нема доставено

Дивечот на користење во ловиштата, наведени во горната табела, предмет на  јавниот повик,  ќе се доделува за секое ловиште посебно.

  • Цел на користењето

Основна цел на доделувањето на дивечот во ловиштата на користење е планско стопанисување односно одгледување, заштита и користење на дивечот во ловиштата.

  • Инструкции во врска со изработка и поднесување на понудата

     Понудата треба да го содржи следното:

  • пополнет Образец “Писмо за понуда” (АНЕКС 2) на тендерската документација, потпишан и заверен од одговорно лице на понудувачот, со понуден паричен износ во финансиско – инвестициската програма за развој и унапредување на дивечот и ловиштето со акциски план за првите 3 години од периодот на времетраењето на договорот за користење на дивечот во ловиштето;
  • документите со кои се докажуваат исполнувањето на способноста на понудувачот, наведени во точка 7 од јавниот повик,
  • финанскиско-инвестициска програма за развој и унапредување на дивечот и ловиштето со акциски план за првите три години од периодот на важноста на договорот за користење на дивечот во ловиштето;
  • банкарска гаранција за учество во постапка во висина од 10% од понудената финансиско-инвестициска програма за развој и унапредување на дивечот и ловиштето, со времетраење на гаранцијата од 13 месеци сметано од денот на јавното отварање на понудите;
  • Потпишан и парафиран* модел на договор (АНЕКС 6).

 *Парафиран модел на договор значи дека секоја страна на договорот треба да биде потпишана и заверена со печат од одговорно лице во правното лице/овластено лице на правното лице (понудувачот). Договорот не се пополнува. Со парафирање на договорот, понудувачот во целост се согласува со одредбите предвидени во истиот.

 Начин на формирање на понудата

Се смета дека понудувачот ги согледал и проучил сите услови и целосно се запознал со предметот за кој ја доставува понудата, извршил увид во Посебните ловностопански основи, се запознал со состојбата на дивечот во ловиштата и според сопствена процена го утврдил потребниот паричен износ во финансиско – инвестицивската програма за развој и унапредување на дивечот и ловиштето, за доставување на понуда. Понудата се пишува со неизбришливо мастило (хемиско пенкало) во сина боја или се печати преку компјутерски печатар и ја потпишува и заверува одговорно лице во правното лице/овластено лице на правното лице (понудувачот).

ПОНУДЕН ПАКЕТ

Секој понудувач има право да достави само еден понуден пакет за едно или повеќе ловишта. Доколку понудувачот достави понуди за повеќе ловишта, сите понуди од еден ист понудувач задолжително треба да се достават во еден коверт.

Понудениот пакет треба да биде доставен во еден затворен коверт-пакет (надворешен), кој во себе содржи два внатрешни коверти (во случај кога е доставена понуда само за едно ловиште) или повеќе затворени т.н. внатрешни коверти (во случај кога се доставени понуди за повеќе ловишта – едно ловиште/една понуда).

Само понудите доставени според следниот опис за содржината на понудениот пакет ќе се сметаат за уредно поднесени понуди и ќе бидат предмет на постапката по овој јавен повик.

Понудениот пакет мора да биде затворен без никакви ознаки, освен на видно место  на кое мора да има етикета со следнава содржина: (Анекс 7 – ПРИЛОГ/ЕТИКЕТИ).

Јавен повик број 01/26

за доделување на дивечот во ловиштата на користење 

НЕ   ОТВОРАЈ

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Ул.„Ленинова“ бр.2

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Внатрешните коверти, треба да бидат затворени (залепени). Содржината на ковертите треба да биде:

КОВЕРТ 1: ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Овој коверт треба да ја содржи комплетната задолжителна документација специфицирана во точка 7 од јавниот повик.

Ковертот треба да содржи оригинални  примероци или копија заверена на нотар. Ковертот 1  треба да содржи етикета со следнава содржина:

КОВЕРТ 1: ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Понудувач: ______________________________________________________

КОВЕРТ 2: ПОНУДА

  • Уредно потпишано Писмо на Понуда (дадено во АНЕКС 2) –  (понудениот паричен износ во финанскиско-инвестициската програма за развој и унапредување на дивечот и ловиштето);
  • Финанскиско-инвестициска програма за развој и унапредување на дивечот и ловиштето со акциски план за првите три години од периодот на важноста на договорот за користење на дивечот во ловиштето;
  • Банкарска гаранција за учество во постапка во висина од 10% од понудената финансиско-инвестициска програма за развој и унапредување на дивечот и ловиштето, со времетраење на гаранцијата од 13 месеци сметано од денот на јавното отварање на понудите, за соодветното ловиште (АНЕКС 3) (се прифаќа само оргинал, копија заверена на нотар не се прифаќа);
  • Уредно потпишан и парафиран* модел на договор (АНЕКС 6) – (Парафиран модел на договор значи дека секоја страна на договорот треба да биде потпишана и заверена со печат од одговорното лице на понудувачот. Договорот не се пополнува. Со парафирање на договорот, понудувачот во целост се согласува со одредбите предвидени во истиот).

Ковертот треба да ги содржи оригиналните примероци или копија заверена на нотар. Копија заверена на нотар не се прифаќа за Банкарска гаранција.

КОВЕРТОТ 2 треба да има етикета со следнава содржина:

КОВЕРТ 2: ПОНУДА

Понудувач:________________________________________________

Ловен реон_________________________Ловиште:________________________________

Во случај кога се доставени понуди за повеќе ловишта секоја понуда треба да биде во посебен коверт/плик (едно ловиште/една понуда).

Сите понуди кои не се поднесени како што е наведено во оваа точка ќе бидат отфрлени и нема да бидат предмет на евалуација.

Отворање на понуди

Отворањето на понудите ќе биде јавно и ќе се изврши 15.04.2026 година, во 10:00 часот.

Понудите се отвораат во присуство на членовите или замениците на членовите на Комисијата надлежна за спроведување на Јавниот повик и овластените претставници на понудувачите кои подигнале Тендерска документација.

Присуството на јавното отварање се ограничува на по еден (1) претставник од секој понудувач.  Овластениот  претставник е должен да приложи Овластување за присуство на јавното отворање, издадено од заинтересираниот понудувач.

Отворањето на понудите ќе се изврши на следната адреса:

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

ул.”Ленинова” бр.2

1000 Скопје

Република  Северна  Македонија

Доколку има измени во врска со местото на отворањето на понудите понудувачите кои подигнале Тендерска документација ќе бидат навремено известени.

Начинот на отварање на понудите е следен:

Јавното отварање  се одвива во два чекори:

Во првиот чекор се проверува уредноста на пликовите/коверти/пакетите, и ако се утврди дека пликовите/ковертите (надворешен и внатрешни) не се уредни, односно не се во согласнот со точка 4 истите ке се нотираат во записникот за јавното отварање;

Во вториот чекор,  се  отвора Ковертот 1  (Задолжителна документација), се соопштува на глас името на понудувачот, и понудениот паричен износ во финансиско-инвестициска програма за развој и унапредување на дивечот и ловиштето.

Комисијата ќе подготви записник од отворањето на понудите, во кој што ќе бидат содржани датум, час и место на почетокот на отварањето, податоци за број на поднесени понуди, назив на подносителите на понудите, понудената цена и час на затворање на јавното отворање.

Во прилог на записникот ќе биде даден и список на присутни лица на отворањето.

Евалуација  на понудите од страна на Комисијата ќе се врши на посебна седница на која Комисијата ќе изврши евалуација на докуметацијата при што понудите на понудувачите кои не ги исполнуваат условите ќе бидат нотирани како неприфатливи понуди и тие ќе бидат исклучени од постапката, додека понудите на понудувачите кои ги исполнуваат пропишаните услови ќе бидат нотирани како прифатливи понуди, по што Комисијата ќе изврши рангирање на прифатливите понуди според висината на дадениот износ во понудата, и ќе состави ранг-листа на понудувачи според висината на дадениот износ во понудата, за секое ловиште посебно.

За најповолен понудувач на јавниот повик за доделување на дивечот во ловиштето на користење ќе се смета понудувач кој ги исполнил условите и понудил највисок паричен износ во финанскиско-инвестициска програма за развој и унапредување на дивечот и ловиштето со акциски план за првите три години од периодот на времетраењето на договорот за користење на дивечот во ловиштето.

По исклучок од горенаведеното, предност при изборот за најповолен понудувач ќе има правното лице-понудувач кое било корисник (концесионер) на дивечот во ловиштето во претходниот ловностопански период, односно кое на предлог на Комисијата, до истата, со писмена изјава во рок од 15 дена го прифати износот на понудата како своја на понудувачот кој понудил највисок износ во финанскиско-инвестициската програма за развој и унапредување на дивечот и ловиштето и приложи нова финанскиско-инвестициската програма за развој и унапредување на дивечот и ловиштето (со износот на најповолниот понудувач) и акциски план за првите три години од периодот на времетраењето на договорот за користење на дивечот во ловиштето.

Комисијата  доставува предлог за избор на најповолен понудувач/поништување на постапката за секое ловиште одделно до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Документи

Целокупната документација наведена во точка 4 од Тендерската документација мора да биде во оригинал или копија заверена на нотар.

Документацијата поднесена од странски понудувачи, треба да биде преведена на македонски јазик од овластен судски преведувач и заверена на нотар.

Документите за докажување на способноста на понудувачот за учество на Јавниот повик не смеат да бидат постари од 6 месеци, сметано од денот на објавувањето на јавниот повик.

  • 5. Период за кој се доделува користењето

 Периодот за користење на дивечот во ловиштата изнесува 20 години, односно договорот се потпишува за 20 години, додека надоместокот за користење кој е даден во посебната ловностопанска основа за секое ловиште посебно се однесува за 10 годишен период. За вториот 10 годишен период, корисникот се обврзува да ја плаќа висината на надоместокот за користење на дивечот во ловиштето утврдена во посебната ловностопанска основа за вториот ловностопански период согласно со член 41 став (1) од Законот за дивечот и ловството („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 263/23, 170/24, 132/25) и член 8 од модел –договорот АНЕКС 6 од оваа Тендерската документација.)

  • Рок за поднесување на понуди

Краен рок за поднесување на понудите е најдоцна 15.04.2026 година, во 10:00 часот. Ќе се разгледуваат само понудите доставени во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (ул. „Ленинова“ бр.2, 1000 Скопје, Република Северна  Македонија), до утврдениот рок.

Рок за подигнување на тендерска документацијa

Рок за подигнување на тендерската документација е најдоцна 15.04.2026 година, во 10:00 часот. Тендерската документација се подигнува во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (ул. „Ленинова„ бр. 2, 1000 Скопје, Република Северна  Македонија) секој работен ден во периодот од 9:00 до 13:00 часот. Сите трошоци за подготовката и поднесувањето на понудата, паѓаат на товар на понудувачот.

  •   Рок на важност на понудите и износ на  понудата

Понудите треба да се со важност од 13 месеци сметано од денот на јавното отворање на понудите.

  • Понуден износ во финансиско-инвестициска програма за развој и унапредување на дивечот во ловиштето со Акциски план за првите 3 години (АНЕКС 2) треба да е според сопствена процена на понудувачот;
  • Понудата треба да е потпишана и заверена од одговорно лице на понудувачот.
  •  Адреса на која се доставуваат понудите

Понудите треба да се достават на следната адреса:

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

ул. „Ленинова“ бр.2

1000 Скопје

Република Северна Македонија

  • Видови на гаранции и услови на гаранции

Банкарска гаранција заучество во постапка во висина од 10% од понудената финансиско-инвестициска програма за развој и унапредување на дивечот и ловиштето, со времетраење на гаранцијата од 13 месеци сметано од денот на јавното отворање на понудите. Банкарската гаранција треба да биде неотповиклива, безусловна и наплатлива на прв писмен повик.

На избраниот најповолен понудувач, по потпишување на договорот за користење на дивечот во ловиштето,  банкарската гаранција му се задржува и истиот е должен да ја продолжува редовно и да ја доставува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за целиот период на важност на договорот.

Надоместокот за користење на дивечот во ловиштето преставува десетгодишен вкупен паричен износ утврден и како годишен паричен износ во Посебната ловностопанска основа за секое ловиште посебно, а кој годишно го уплаќа во Буџетот на Република Северна Македонија правниот субјект од членот 42 став (1) од Законот за дивечот и ловството.

Корисникот на дивечот во ловиштето плаќањето на надоместокот, не може да го врши со државни обврзници.

Банкарската гаранција  треба да бидат со важност од најмалку 13 месеци, сметано од денот на јавното отварање на понудите.

Банкарската гаранција за учество во постапка се наплатува во корист на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ако:

– учесникот во постапката ја повлече понудата по отворањето на понудите, или пред истек на нејзината важност;

– не ги исполни условите  или не ги достави доказите за исполнување на условите во рок  од 30 дена дадени вo изјавата од АНЕКС 5;

– не ја плати првата рата (од вкупно 10 рати) од вредноста на надоместокот за користење на дивечот во ловиштето и не ја плати сумата за изработка и рецензија на посебната ловностопанска основа;

– понудувачот е повикан да склучи договор за користење, а тој одбие да го стори тоа (одбивање на потпишување се смета и недоаѓање по доставената покана за потпишување на договорот).

– Понудувачот не достави доказ дека ја уплатил проценетата вредност на недвижните ствари – ловностопанските објекти (кои се евидентирани во посебната ловностопанска основа).

Прифатлива гаранција

Банкарската гаранција треба да е во оригинална форма (копии не се прифаќаат) и истата треба да биде издадена од банка избрана од понудувачот. Прифатливи се сите банки со седиште во Република Северна Македонија.

  1.  Закон и јазик на кој понудите треба да бидат напишани

Во постапката за доделување на дивечот на користење  и Договорот за користење ќе се применуваат одредбите од Законот за дивечот и ловство (*).

Понудата како и целата кореспонденција и документите поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.

  1. Услови кои мора да се исполнат од страна на понудувачите и документите со кои се докажува нивното исполнување

Потребна документација за учество на јавниот повик и евалуација на способноста на понудувачите:

  1. Тековна состојба издадена од Централниот регистар на Република Северна Македонија;
    1. Документ за регистрирана дејност издадена од Централниот регистар на Република Северна  Македонија;
    1. Уверение за состојба на даноци, придонеси и други јавни приходи и давачки издадено од Управа за Јавни приходи на Република Северна Македонија;
    1. Потврда дека над правното лицето не е отворена постапка за стечај издадена од Централниот регистар на Република Северна Македонија;
    1. Потврда дека над правното лицето не е отворена постапка за ликвидација издадена од Централниот регистар на Република Северна Македонија;
    1. Потврда дека на правното лице не е изречена споредна казна, трајна забрана за вршење на одделна дејност издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија;
    1. Потврда дека на правното лице не е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност издадена од Централниот регистар на Република Северна Македонија;
    1. Потврда дека на правното лице не е изречена прекршочна санкција привремена забрана за вршење на одделна дејност издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија;
    1. Изјава на понудувачот заверена на нотар дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари (АНЕКС 4 од тендерска документација);
    1. Изјава на понудувачот (АНЕКС 5 од тендерска документација) заверена на нотар дека: 
    1. ќе обезбеди материјално-технички можности за вршење на дејноста ловство,  недвижен имот и   движен имот (теренски возила, оружје за ловочуварска служба и средства за комуникација);
    1. изјава на понудувачот дека ќе вработи најмалку едно стручно лице со завршено високо образование VII/1 степен или 240 кредити според ЕКТС од областа на шумарските науки или со завршено средно образование од шумарска струка со положен испит по предметот ловство, односно зоологија и систематика на дивечот/ловно стопанство и
    1. ќе формира ловочуварска служба согласно на Законот за дивечот и ловството (*).

Само понудите од понудувачите кои се комплетни ќе бидат предмет на евалуација.

  1. Критериуми според кои се врши избор на најповолна понуда

Критериум според кој ќе се врши изборот на најповолна понуда на јавниот повик за доделување на дивечот во ловиштето на користење е понуден највисок паричен износ во финанскиско-инвестициска програма за развој и унапредување на дивечот и ловиштето со акциски план за првите три години од периодот на времетраењето на договорот за користење на дивечот во ловиштето. За финансиски инвестиции во ловиштето се сметаат финансиски средства кои идниот корисник на дивечот во ловиштето се обврзува да ги вложи за развој и унапредување на дивечот и ловиштето, како што се: инвестиции за изградба на ловностопански објекти, ловнотехнички објекти, инвестиции во дивеч, храна за дивеч, инвестиции во фарми за дивеч, полигони за лов на ситен дивеч, теренски возила, бруто-плати на вработените ловочувари и стручните лица, како и службеното оружје и кои ќе бидат реализирани во првите три години од правниот субјект-корисникот на дивечот во ловиштето.

  1. Упатство за правно средство

Против решението неизбраниот понудувач во рок од 15 дена од приемот на решението може да изјави жалба до Државна комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен.

  1. Висина на надоместок за користење на дивечот во ловиштата

Надоместокот за користење на дивечот во ловиштето претставува десетгодишен вкупен паричен износ утврден и како годишен паричен износ во Посебната ловностопанска основа за секое ловиште посебно, а кој правниот субјект годишно го уплаќа во Буџетот на Република Северна Македонија.

  1. Други информации во врска со предметот

       Плански документи

  • Плански документ е Посебната ловностопанска основа (ПЛО) за секое ловиште посебно.
  • Увид во Посебната ловностопанска основа (ПЛО) за секое ловиште посебно може да врши само одговорното лице на правното лице кое подигнало тендерската документација или од него овластено лице, во просториите на Министерство земјоделство, шумарство и водостопанство – Сектор за шумарство и ловство (ул. ,,Ленинова” бр. 2, Скопје 1000, Република Северна Македонија – канцеларија бр. 313) секој работен ден, во периодот од 10:00-14:00 часот.
  • Вредноста за изработка на Посебната ловностопанска основа без пресметана рецензија е дадена во Посебната ловностопанска основа.

Измени и дополнувања на Тендерската документација

Тендерската документација може да се изменува и дополнува под услов истите да не се од суштинско значење и да се достапни на заинтересираните учесници најдоцна 15 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.

Пред крајниот рок определен во Тендерската документација  15.04.2026 година, во 10:00 часот, понудувачите можат да ја повлечат понудата, за што доставуваат Писмо за повлекувањето на понудата.

Во случај на повлекување на понуда пред истекување на крајниот рок за поднесување на понуди, на понудувачот ќе му се врати доставената понуда – коверт/пакет.

Доколку повлекувањето на понудата се изврши во период по истекот на крајниот рок за поднесување на понуди, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја наплати Банкарската гаранција за учество во постапката.

Запазување на крајни рокови

Само понудите пристигнати во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство 15.04.2026 година, во 10:00 часот ќе бидат отворени на денот на јавното отворање на понудите.

Потпишување на Договор за користење

Врз основа на извршената евалуација на способноста на понудувачите и понуден највисок паричен износ во финансиско-инвестициска програма за развој и унапредување на дивечот и ловиштето со Акциски план за првите 3 години, Комисијата до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство доставува предлог за избор за најповолен понудувач/предлог за поништување на постапка за секое ловиште одделно.

По доставениот предлог од страна на Комисијата за спроведување на постапка за доделување на дивечот во ловиштата на користење, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од 30 дена донесува решение за избор на најповолен понудувач/решение за поништување на постапката за секое ловиште одделно.

Во рок од 30 дена по конечноста на решението за избор на најповолен понудувач, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство склучува Договор за користење на дивечот во ловиштето со избраниот понудувач – новиот корисник на дивечот во ловиштето.

Како почеток на користење на дивечот во ловиштето се смета денот на потпишување на договорот за користење на дивечот во ловиштето. Со денот на склучувањето на договорот за користење на дивечот во ловиштето, новиот корисник на дивечот во ловиштето го добива во владение дивечот во ловиштето со бројна состојба и структура дадена во Посебната ловностопанска основа за секое ловиште посебно.

Во случај на поништување на решението за избор на најповолен понудувач во постапка по Управен спор, склучениот договор за користење на дивечот во ловиштата останува во сила, а странката која успеала во спорот има право на надоместок на претрпената штета за учество во постапката по јавниот повик и постапката пред Управниот суд.

По завршување на постапката, вклучително и жалбената постапка, а пред потпишување на договорот, избраниот најповолен понудувач е должен да ги исполни следните обврски:

  • со денот на потпишување на договорот за користење на дивечот во ловиштето да достави доказ дека има вработено најмалку едно стручно лице – ловник со завршено високо образование VII/1 степен или 240 кредити според ЕКТС од областа на шумарските науки или средно образование од шумарска струка со положен испит по предметот ловство/ловно стопанство и ловочувар/ловочувари за ловочуварска служба согласно Законот за дивечот и ловството (*);
  • доказ за уплата на средства во висина на проценетата вредност на недвижните ствари- ловностопанските објекти кои се изградени за време на важноста на договорот (доколку има);
  • да ја плати првата рата (од вкупно 10 рати) во висина на годишен надоместок за користење на дивечот во ловиштето утврден во Посебната ловностопанска основа;
  • да ја плати сумата за изработка и рецензија на посебната ловностопанска основа,

во спротивно истото ке претставува пречка за склучување на договорот.

Откако избраниот најповолен понудувач ќе достави документација со која го докажува исполнувањето на горенаведените услови, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го повика да го потпише Договорот за користење.

Не е дозволено менување на содржината од Договорот.

Непотпишување на договор, наплата на банкарска гаранција за учество и поништување на постапка

Доколку најповолниот понудувач не успее да ги задоволи барањата за потпишување на Договорот за користење или одбие да го потпише Договорот за користење, (одбивање на потпишување се смета и недоаѓање по доставената покана за потпишување на договорот), Банкарската гаранција за учество во постапката ќе биде наплатена, а постапката за конкретото ловиште/та ќе се поништи.

Банкарската гаранција за учество во постапката ќе се наплати и во случај доколку понудувачот ја повлече понудата пред истекот на периодот на нејзината важност.

Ако избраниот понудувач ја одбие поканата да склучи Договор за користење и не го потпише Договорот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го поништи решението за избор за давање на користење на дивечот.

Постапката по распишан јавен повик на предлог на Комисијата со решение на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство може да биде поништена поради:

– околности кои не му биле познати на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во време на распишување на јавниот повик, а истите може да имаат влијание на законитоста на постапката;

– околности кои настанале по распишување на јавниот повик кои можат да го отежнат или оневозможат стопанисувањето со дивечот во ловиштата;

– доколку нема доставено ниту една прифатлива понуда.

Прашања

За сите прашања поврзани со овој јавен повик заинтересираните кандидати  можат да се обратат кај овластените лица за контакт:

             Владо Ќулумоски            тел: +389 (0)2 313 44 77 е-маил: [email protected]

Сите заинтересирани понудувачи можат да постават дополнителни прашања во врска со Тендерската документација најдоцна во рок од 14 (четиринаесет) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, на следнава адреса:

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Сектор за шумарство и ловство

ул.”Ленинова” бр.2

1000 Скопје, Република Северна Македонија

А Н Е К С И

                                                                АНЕКС 1: Податоци за ловиштата

Реден бројЛовиште бројИме на ловиштетоВреметраење на користење (во години)  Проценета вредност на недвижните ствари во денари
12345
ОХРИДСКО-ПРЕСПАНСКО ЛОВНОСТОПАНСКО ПОДРАЧЈЕ
Ловен реон ОХРИД
15„Косел“20Нема доставено
Ловен реон СТРУГА
25„Дрслајица“20Нема доставено
КИЧЕВСКО-БРОДСКО ЛОВНОСТОПАНСКО ПОДРАЧЈЕ
Ловен реон КИЧЕВО
37„Букојчани“20Нема доставено
48„Стрелци“20Нема доставено
59„Цер“20Нема доставено
БРЕГАЛНИЧКО ЛОВНОСТОПАНСКО ПОДРАЧЈЕ
Ловен реон КОЧАНИ
64„Соколарци“20Нема доставено
ПЕЛАГОНИСКО ЛОВНОСТОПАНСКО ПОДРАЧЈЕ
Ловен реон БИТОЛА
712„Драгор“20Нема доставено
 СТРУМИЧКО ЛОВНОСТОПАНСКО ПОДРАЧЈЕ
Ловен реон СТРУМИЦА
87„Тркање“20Нема доставено
98„Василево“20Нема доставено
109„Босилово“20Нема доставено
ДОЛНОВАРДАРСКО ЛОВНОСТОПАНСКО ПОДРАЧЈЕ
Ловен реон НЕГОТИНО
115„Дисан“20Нема доставено
126„Војшанци“20Нема доставено
138„Пештерница“20Нема доставено


АНЕКС 2:   ПИСМО ЗА ПОНУДА

До:         Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за спроведување на постапката за доделување на дивечот во ловиштата на користење

ул.„Ленинова“ бр.2 , 1000 Скопје

Република Северна Македонија

ПИСМО ЗА ПОНУДА ОД ПОНУДУВАЧ:   
  со адреса:   
  ЕМБС:   контакт моб.тел. 
  e-maill:    

За користење на дивечот во ловиште _______________________________________________________

Во состав со ова писмо за понуда, се наоѓа потребната документација согласно условите во тендерската документација и јавниот повик за горенаведеното ловиште.

Нашата понуда е за добивање на дивечот на користење на горенаведеното ловиште, и за таа цел нудиме финансиско-инвестициска програма со акциски план за развој и унапредување на дивечот и ловиштето кои ќе бидат реализирани во првите 3 години, со паричен износ во висина од

_________________________________    денари,

___________________________________________________________________________________

(и со зборови)

кој ќе важи 13 месеци од денот на јавното отварање на понудите.

Исто така јас, понудувачот, изјавувам дека:

  • Надоместот даден во оваа понуда важи 13 месеци од денот на јавното отварање на понудите;
  • Подготовката на оваа понуда е спогодбена и бесплатна. Исто така потврдувам дека целосно го прочитав и го разбрав јавниот повик и тендерската документација;
  • Документите од понудата се доволни за воспоставување и реализирање на понудата како и за активирање на Банкарската гаранција за учество во постапката.

Дата ________________________                              М.П.                           Потпис _________________________

                                                                                                                                                                                                                                                (одговорно лице во правно лице)

АНЕКС 3: Банкарската гаранција за учество во постапката се издава на Образец од соодтвената Банка која мора да биде со седиште во Република Северна Македонија.

АНЕКС 4: Изјава на понудувачот заверена на нотар дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;

И  З  Ј  А  В  А

До: Комисија за спроведување на постапка за доделување на дивечот во ловиштата на користење

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

ул.„Ленинова“ бр.2 ,1000 Скопје

Република Северна Македонија

Јас______________________________________________од _____________________________

со живеалиште: ___________________________________________________ и со број на лична карта _______________________ и ЕМБГ _______________________________ издадена од _______________________ како одговорно лице во правното лице – понудувач, под полна морална, материјална и кривична одговорност изјавувам дека на понудувачот – правното лице:____________________________________________________________________

со ЕМБС ________________________ во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари.

Дата __________________                             М.П.                               Потпис ____________________

АНЕКС 5

И З Ј А В А

До           Комисија за спроведување на постапка за доделување на дивечот во ловиштата на користење

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

ул.„Ленинова“ бр.2, 1000 Скопје

Република Северна Македонија

 ПОНУДУВАЧ:  
со адреса:  
ЕМБСe-maill:  кон.тел.

Јас ____________________________________ од ________________________________________ со живеалиште на ____________________________________ со бр. на лична карта ___________ и ЕМБГ __________________________ издадена од _____________________________________ како одговорно лице во правното лице – понудувач, под полна морална, материјална и кривична одговорност изјавувам дека правното лице:

  • ќе обезбеди материјално-технички можности за вршење на дејноста ловство,  недвижен имот и   движен имот (теренски возила, оружје за ловочуварска служба и средства за комуникација);
    • Ќе вработи најмалку едно стручно лице со завршено високо образование VII/1 степен или 240 кредити според ЕКТС од областа на шумарските науки или со завршено средно образование од шумарска струка со положен испит по предметот ловство, односно зоологија и систематика на дивечот/ловно стопанство и
    • ќе формира ловочуварска служба согласно на Законот за дивечот и ловството (*).

Дата ________________________                              М.П.                     Потпис ____________________________

АНЕКС 6:

 МОДЕЛ – ДОГОВОР ЗА КОРИСТЕЊЕ

Врз основа на член 42 став (1) од Законот за дивечот и ловството (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 263/23,170/24 и 132/25)

1. МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО

Застапувано од Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски

 и

2. Компанија /Понудувач (_______________________________________)

застапувано од лицето (во натамошниот текст корисник на дивечот во ловиштето).

на ден ___________ година во Скопје, склучија

ДОГОВОР

ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ДИВЕЧОТ ВО ЛОВИШТЕТО  Бр.__________________

Член 1

Цел на договорот

Цел на овој Договор е уредување на правата и обврските на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Корисникот на дивечот во ловиштето кои произлегуваат од доделувањето на дивечот на користење во ловиштето бр.__________________, како и други права и обврски за Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и корисникот на дивечот во ловиштето кои произлегуваат од овој Договор.

Член 2

Предмет на користење

Предмет на користење е дивечот во ловиштето бр. ___________________, како добро од општ интерес на Република Северна Македонија, каде што корисникот на дивечот во ловиштето ќе врши одгледување, заштита, ловење и користење на дивечот во ова ловиште.

Член 3

Рок на користење

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на корисникот на дивечот во ловиштето, му го дава на користење дивечот во ловиштето за период од 20 години, од _________ година до __________година.

Член 4

Начин, форма и услови за користењето

Корисникот на дивечот во ловиштето се обврзува користењето да го врши согласно Законот за дивечот и ловството (*) како и условите предвидени во Посебната ловностопанска основа и Финансиско-инвестициска програма за развој и унапредување на дивечот и ловиштето со Акциски план за првите 3 години од периодот на важноста на договорот.

Член 5

Со денот на склучувањето на договорот за користење на дивечот во ловиштето, новиот корисник на дивечот во ловиштето го добива во владение дивечот во ловиштето со бројна состојба и структура дадена во посебната Ловностопанска основа за секое ловиште посебно.

Член 6

Права и обврски на корисникот на дивечот во ловиштето, услови и рокови за нивно исполнување

Корисникот на дивечот во ловиштето има право да:

  • ги организира самостојно сите активности во ловиштата согласно планските документи;
  • огради посебен простор не поголем од 150 ха за одгледување, размножување и заштита на дивечот (размножувалиште), како и простор за интензивно одгледување и застрел на дивеч чија големина не може да биде помала од 150 ха како и ограден простор за фарма за дивеч. За оградување на просторот согласност дава Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;
  • како и ограден простор за фарма за дивеч;
  • издаде дозвола за ловење на дивеч во ловиштето;
  • располага со застреланиот дивеч и со трофеите од дивеч;
  • утврдува ценовник за уловен – застрелан дивеч и за трофеи од дивеч;
  • издава потврда за потеклото на дивечот, деловите од дивечот и трофеите од дивечот.

Член 7

Корисникот на дивечот во ловиштето се обрзува да:

  • пред потпишување на овој договор да достави доказ за извршена уплата на сумата за изработка на посебната ловностопанска основа во износ од ______________денари на изработувачот на посебната ловностопанска основа (сметка бр._________ даночен број ____________, депонент на ___________;
  • пред потпишување на овој договор да достави доказ за извршена уплата на сумата за рецензија на посебната ловностопанска основа на авторската агенција (сметка бр. _________, даночен број ________, депонент на _________ бруто износ од ________ денари (во кој е пресметан персонален данок и делот за авторската агенција);
  • ја плати сумата за изработка и рецензија на посебната ловностопанска основа за вториот стопански период од 10 години во износ кој дополнително ќе биде утврден со Анекс кон овој договор;
  • пред потпишување на овој договор да достави доказ за извршена уплата на надоместокот за користење на дивечот за првата година во висина еднаква на вредноста на една годишна рата од десетгодишниот вкупен износ утврден во Посебната ловностопанска основа (прва рата од вкупно 10 рати);
  • пред потпишување на овој договор да достави доказ за уплата на средства во висина на проценетата вредност на недвижните ствари (доколку има);
  • редовно да ја продолжува банкарската гаранција за учество во постапката за целото времетраење на овој Договор и да ја доставува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;
  • ја спроведува Посебната ловностопанска основа и понудената финансиско-инвестициона програма за развој и унапредување на дивечот и ловиштето;
  • организира постојана ловочуварска служба и ја опреми согласно со Правилникот за бојата и кројот на униформата, формата и содржината на образецот на легитимацијата на ловочуварот, како и видот на оружјето на ловочуварот;
  • го достави на мислење до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство годишниот план за спроведување на посебната ловностопанска основа согласно Законот за дивечот и ловството (*);
  • ги евидентира извршените работи од предходната година до 31 март во тековната година во посебната ловностопанска основа;
  • издава дозволи за ловење на дивеч на лица кои имаат положено ловечки испит и води евиденција за издадените дозволи за ловење на дивеч;
  • врши оценување и евидентирање на трофеите од дивеч и
  • други обврски согласно Законот за дивечот и ловството(*), како и условите предвидени во Посебната ловностопанска основа и Финансиско-инвестициската програма за развој и унапредување на дивечот и ловиштето.

Член 8

Надоместок за Користење

Годишниот надоместок се утврдува во висина од 20% од вредноста на планираниот годишен застрел на дивечот согласно со посебната ловностопанска основа, а се плаќа до 30 јуни за тековната година на сметка на Буџетот на Република Северна Македонија, освен првата рата која се плаќа пред потпишување на договорот.

Во ловиштата, корисникот на дивечот во ловиштето за вториот ловностопански период се обврзува да ја плаќа висината за користење на дивечот во ловиштето утврдена во посебната ловностопанска основа за вториот ловностопански период.

Во случај на еднострано раскинување на овој Договор за користење, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не е обврзано на корисникот на дивечот во ловиштето да му го врати надоместокот за користење.

Член 9

Корисникот на дивечот во ловиштето се обврзува во целост да ги реализира превземените обврски за инвестирање согласно Посебната ловностопанска основа и Финансиско-инвестициската програма за развој и унапредување на дивечот и ловиштето.

Доколку договорот за користење на дивечот во ловиштата е во важност, а истечен е рокот на важење на посебната ловностопанска основа, обврските за стопанисување со дивечот и надоместокот за користење на дивечот во ловиштето ќе се спроведуваат согласно со предвидувањата од последната година од периодот утврден во посебната ловностопанска основа и договорот за користење на дивечот во ловиштата.

Член 10

Гаранција за извршување на договорот за користење

Доставената банкарска гаранција согласно тендерската документација, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја активира доколку корисникот на дивечот во ловиштето не ги остварува во целост обврските од овој договор или не го плати надоместокот за користење во предвидениот рок.

Член 11

Одговорност на корисникот на дивечот во ловиштето за неисполнување на обврските

од договорот, штети врз трети лица и невозможност за исполнување на обврските за кои не одговара ниедна страна

Корисникот на дивечот во ловиштето е должен да ги исполнува обврските од овој Договор и е одговорен за сите штети што ги предизвикал на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на трети лица во врска со користењето на дивечот во ловиштето.

Член 12

Еднострано раскинување на договорот

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство може еднострано да го раскине договорот за користење на дивечот во ловиштето во случаите на неспроведување на овој закон, посебната ловностопанска основа и договорот за користење на дивечот во ловиштето, а по претходен предлог на Државниот инспекторат за шумарство и ловство.

Во случај на едностран раскин на Договорот од став 1 на овој член, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја активира банкарската гаранција.  

Член 13

Случаи на престанок на користење

Користењето на дивечот во ловиштето престанува да важи со:

– истекот на рокот на важењето на договорот за користење;

– едностран раскин на договорот за користење од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство;

– спогодбено раскинување на договорот;

– стечај или ликвидација на корисникот на дивечот во ловиштето и

– други случаи предвидени со закон и договорот за користење.

Член 14

Надзор над користењето

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Државниот инспекторат за шумарство и ловство врши постојан и редовен инспекциски надзор за начинот на користењето и почитувањето на обврските од овој Договор од страна на корисникот на дивечот во ловиштето согласно со законските прописи на Република Северна Македонија.

Член 15

Решавање на спорови

Во случај на спор во врска со спроведувањето на овој договор, договорните страни се согласни да го решаваат спогодбено, а ако и на таков начин не се разреши, за негово разрешување ќе биде надлежен стварно надлежниот суд во Скопје.

При разрешување на споровите во судска постапка согласно став 1 од овој член, двете страни со добра волја ќе продолжат да ги извршуваат своите обврски согласно овој Договор.

Член 16

Измени и дополнувања на договорот за користење

Договорот за користење на дивечот во ловиштето може да се измени врз основа на Законот за дивечот и ловството (*) на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и на предлог на корисникот на дивечот во ловиштето во случај на:

– настанување на опасност по националната безбедност и одбрана на земјата, загрозување на животната средина, природата и човековото здравје и објектите за јавен ред;

– објективна невозможност за користење на дивечот во ловиштето во случај на настанување на виша сила  или природни катастрофи со големи последици;

– промена на соодветните прописи;

– изменување и дополнување на Посебната ловностопанска основа;

– други случаи кои водат кон промена на фактичкиот или правниот основ за користење на дивечот и

– други случаи определени со закон или одлука на Владата на Република Северна Македонија со кои се оневозможува користење на дивечот во ловиштето.

На следните линкови може да ги погледнете и превземете потребните документи:

Јавен повик

Тендерска документација

Може да ви се допадне

Мечка нападнала стадо со овци во атарот на село Крклино, информирани се институциите, се чека реакција
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
АПРЗ во Битола одржа Национална работилница за обука „Зајакнување на капацитетите за адаптација кон климатските промени во земјоделството“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:Битоладоделувањејавен повикКичевоКочаниловиштата ОхридНеготиноСтругаСтрумица
Претходен напис Водата во Скопје безбедна за пиење
Следен напис Следните денови врнежи од дожд и посвежо
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?