Различните видови на пестициди и губењето на природните живеалишта, се проблеми со кои се соочуваат пчелите со години. За да се спречи ова, научниците од голем број универзитети ширум светот бараат начини и спроведоа тестови за тоа како да се реши овој проблем и конечно, за помош се свртија кон природата.
Како најдобар партнер на медоносните пчели , тие гледаат во еден вид јапонска дива пчела што е дури 7 пати побрза од обичните.
„Пчелите на кои сме навикнати се во тешка состојба. Бидејќи се припитомени, тие се мрзливи и не се како нивните диви роднини. Една медоносна пчела посетува два цвета во минута, додека јапонските диви пчели, посетуваат 15. Исто така тие можат да носат 100 пати повеќе полен од обичните пчели”, вели биологот и специјалист за животна средина Дејвид Бидингер.

Овој биолог од Универзитетот во Пенсилванија води тим кој и помага на Сојузната влада да најде решение за спас на пчелите. Покрај заштитата на природата, САД не сакаат да останат без земјоделството кое е зависно од пчелите и годишно носи 15 милијарди долари во државната каса.
Исто така и Норвежаните работат на сличен проект, чии биолози изградија пчелни автопати.
Норвежаните, поврзаа некои зелени површини за да им дадат на пчелите доволно простор за работа. Поради тоа, некои граѓани мораа да поставуваат растенија на покривите за да им обезбедат непрекинато движење на пчелите, кои се од витално значење.
Доколку проектот успее, норвешките научници веруваат дека и други земји ќе го следат нивниот пример. Доколку овие планови пропаднат, Земјата наскоро би можела да остане не само без мед, туку и без храна, а има сè повеќе жители.
Извор: Express.hr
