Дејството на циклонот кој го зафати нашиот југоисточен регион придонесе за големи врнежи од дожд, надоаѓање на водата, излевање од коритата и поплави.
Денеска го посетив критичното место во Муртино. Посетив и други посочени места каде ситуацијата е најкритична, информира Петар Јанков, градоначалник на Општина Струмица.

Уште од утрово механизацијата на ЈП Комуналец е на терен. Ангажирана е дополнителна механизација од приватниот сектор.
Околу 15 часот состојбата се стабилизираше.
Нашата механизација и екипите остануват на теренот и во текот на ноќта, на сите места каде што се проценува дека е критично.
Во контакт сме постојано со граѓаните на терен.
Дождот паѓа и во наредните часови и денови, а ние будно ќе ја следиме состојбата.
Фејсбук статус на Петар Јанков

