Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јагоди има, но нема кој да бере – британските производители во страв
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Јагоди има, но нема кој да бере – британските производители во страв
АгровестиПазариРастително производство

Јагоди има, но нема кој да бере – британските производители во страв

Објавено 11/05/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Би можело да се каже дека состојбата со сезонските работници е под контрола но никогаш не знаете кога некој од нив ќе се разболи па на крај сите ќе мораат во самоизолација. И кој ќе биде тогаш  ангажиран за берба на плодовите“?, загрижено се прашуваат производителите.

Сезоната на јагоди е во тек, но, британските производители се во голем страв. Овошје има, приносите се одлични, но поради пандемијата на корона вирусот, нема доволно работна сила, пишува Фреш плаза.

– „Веќе сме во полн ек на бербата, а наскоро ќе созреат  и малините и капините. Би се рекло, времето е погодно и имаме многу добар род“  изјави Крис Роус од производната организација Асплинс.

Но, секако не може се во земјоделството да тече мазно. „ Кога имате доволно, дури и премногу работна сила, тогаш недостасуваше род и се јавувше вишок на луѓе. А сега кога родот е одличен, работниците поради ситуацијата со Ковид-19 не се во можност да дојдат“, појаснува Роус.

Најмногу  има работници од источна Европа кои пристигнаа пред затворањето на границите

– „ Би можело да се каже дека сосојбата со работниците е под контрола, но никогаш не знаете кога некој од нив ќе се разболи па на крај сите ќе морате во самоизолација. И кој тогаш ќе оди на берба“ , загрижено прашува Крис.

Моментално во полето, како што вели, има најмногу работници  од источна Европа кои во Британија дојдоа пред затворањето на границите а се надеваат дека владата наскоро ќе дозволи влез и на други. Мерките на социјална оддалеченост ги решиле така  што сите нивни работници се поделени во кампови кои се оддалечени едни од други.

Но, сепак проблем имаат со своите домашни работници.

-„ Поголемиот број од нашите луѓе кои бараат работа живеат далеку од фармите и не им е практично секој ден да патуваат. Иако многу луѓе се заинтересирани, па дури и студенти, доста од нив се откажуваат кога ќе слушнат колку се платени и дека секој ден ќе мораат да патуваат“, признава Роус.

Побарувачката за овошје е се поголема

Иако продажбата на овошје во почетокот падна, ситуацијата се враќа под контрола и побарувачката расте.

– „Луѓето одат поретко во продавниците, можеби само еднаш неделно и купуваат повеќе работи. Очекуваме дека ќе продадеме повеќе поголеми пакувања од 600 и 800 грама, отколку оние од 400 гр на кои навикнавме. Голема среќа е што не е така топло додека ги береме па може подолго да стојат“ , вели Крис.

Последниве неколку години трендот на здрава исхрана е се попопуларен и овошјето се повеќе се купува. Проблем претставува тоа што не работат рестораните и другите угостители  кои им беа големи и важни купувачи на производителите. Нo, како што ситуацијата се повеќе се смирува и тоа наскоро би можело да се промени.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Берба на јагодиБританијаСезонски работници
Претходен напис ХЕМОМЕТАЛ: Полесно до нов трактор од кога и да било, без учество, на 60 месеци отплата
Следен напис Вака отстранувајте ги долните листови на доматот и ќе имате поголем род
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?