Растотот на извозот на свинско месо од Евроспката унија ќе биде значително забавен во наредниот период, бидејќи Германија се соочува со трговски ограничувања после појавата на африканската свинска чума (ASK).
Имено, оваа земја е најголем производител на свинско месо во ЕУ, а забранета и е трговијата со главните земји извознички, вклучувајќи ја Кина и Јужна Кореја и тоа откако минатиот месец е откриена африканската свинска чума кај дивите свињи.
Се смета дека болеста во сојузната држава Бранденбург пристигнала од западна Полска, а според најновите податоци таму се потврдени 49 случаи на зараза.
Откако Европската комисија во првата половина на годината предвидела зголемување на извозот за 15%, вклучувајќи дуплирање на количините за Кина, таа проекција е значително променета. Имено, се очекува дека извозот на свинско месо од ЕУ ќе порасне за само 2% во текот на 2020 година, наведува Европската Комисија во извештајот за краткорочните изгледи.
Кои држави би можеле да ја надокнадат загубата?
Во претходниот извештај, беше прогнозиран раст од 10% на испораките на свинско за цела година.
Но, во документот објавен оваа недела се вели дека развојот на извозот на свинско месо од ЕУ ќе зависи од способноста на Германија да ја запре болеста. Се напоменува дека празнините во снабдувањето на Кина и азискиот пазар можат делумно да се надоплнат од Данска, Шпанија и Холандија.
Во 2021 година се предвидува пад на извозот за 10%, дел и поради очекуваното намалување на кинеската побарувачка. Во ЕК сметаат дека растот сеедно не би продолжил, дури ни кога не би имало Aфриканска свинска треска во Германиј, бидејќи Кина интензивно го обновува сопственото производство на свињи.
Така на пример во последниот период многу се зборуваше за фарма во Кина на дури 12 спратови во која ќе се одгледуваат 840.000 свињи годишно.
Идната година е предвиден пад на производството за 1%
Во однос на производството на свинско во ЕУ оваа година е предвиден пад од 0,5%, за разлика од тоа што во предходните проекции се предвидуваше пораст од 0,5%. Имено, се очекуваше дека избувнувањето на ASK во Германија ќе го убрза опоравувањето на производството во третото тромесечие од годината.
“Како и да е пораст на производството во четвртото тромесечие би требало да се случи во Шпанија, Данска и Ирска, кои го прошириле производството минатата година“, тврди комисијата која за следната година предвидува пад на производството на свинско месо во ЕУ за 1%.
Извор: Аgroklub.com