Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ИЗМРЗНУВАЊЕ на овошките во ВАЛАНДОВСКИОТ регион, штети и до 100%
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ИЗМРЗНУВАЊЕ на овошките во ВАЛАНДОВСКИОТ регион, штети и до 100%
Агровести

ИЗМРЗНУВАЊЕ на овошките во ВАЛАНДОВСКИОТ регион, штети и до 100%

Објавено 22/03/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделци јавуваат за штети во валандовскиот регион настананите од измрзнување кај бадемите, црешите, кајсиите, нектарини, праски, а во некои пониски делови и калинките.

– Само да ви пренесам информација дека во Валандово е хаос. Во четвртокот наутро температурата беше – 5 степени целзиусови и има големо измрзнување кај овошките. 85 до 100% штета врз цветовите или тукушто врзаните плодови кај бадемите, црешите, кајсиите, нектарини, праски, а во некои пониски делови и калинките – информира Горан Балески.

Ниските утрински температури направија големи штети кај овошките во Росоманско, оваа информација ја потврди за МИА, Драганчо Николов, советник во Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, подрачна единица во Кавадарци.

– Само што бевме на терен како претставници на Агенцијата, после ниските температури во раните утрински часови, што го зафатија Росоманско. Според информациите со кои располагаме, вчера наутро температурите се спуштиле до минус четири, а денеска до минус седум степени, појасни Николов.

Тој истакна дека првичните согледувања од стручни лица на терен, говореле дека има големи штети во овошните насади во Росоманско.

– Станува збор за регион, најголем производител на праски во државата. Првите проверки на лице место, велат дека голем е данокот, што и овојпат го имаат земено ниските утрински температури на прагот на пролетта. Штети има кај дрвцата праски, кајсии, бадеми, кои во овој период од годината се во фаза на полнo цветање. Најголеми се штетите во Росоман и росоманските села Манастирец и Трстеник, подвлече Николов.

Тој додаде дека дополнително ќе се утврдува процентот на штети кај овошките. Засега, во лозарството немало оштетувања од ниските утрински температури, што го зафатија овој регион изминатите два дена.

Може да ви се допадне

Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Таг:измрзнувањеовошкиштета
Претходен напис Водостопанство ТИКВЕШ: Лозарите да не ги фрлаат лозанките во каналот, ќе следуваат пријави!
Следен напис УЈП: Да се поднесат барања за обнова на кодовите за идентификација за потпишување на МПИН пресметките
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?