Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Изградена пречистителната станица во Кадино
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Изградена пречистителната станица во Кадино
Агровести

Изградена пречистителната станица во Кадино

Објавено 04/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во населеното место Кадино изградена е нова пречистителна станица со капацитет за 1250 еквивалент жители, како дел од реализацијата на капиталниот проект на општина Илинден Изградба на фекална канализација со пречистителни станици.

Со изградбата на пречистителната станица ќе се овозможи да се зафатат отпадните води од 330 домаќинства од Кадино кои ќе бидат приклучени на системот за фекална канализација.

Канализацискиот систем за прифаќање, третман и одведување на отпадните фекални води од домаќинствата во Кадино, припадна површина 3 е во должина од 3730 метри. Вкупната инвестиција на проектот изнесува 26 милиони денари, од кои 15 милиони денари се за изградбата на канализацискиот систем за прифаќање и третман на отпадни води, додека 11 милиони се за изградба на пречистителната станица.

Пречистителната станица претставува модуларен систем што зафаќа мал простор, има мала потрошувачка на електрична енергија и може да се надградува во согласност со зголемувањето на потребите. Со инсталирањето на овој тип на пречистителни станици со нова технологија за третман на отпадните води ќе се придонесе за решавање на приоритетниот проблем со кој се соочуваат граѓаните на Кадино, истовремено ќе се влијае во развојот на комуналната инфраструктура, како и подобрување на условите за побрз економски, социјален и рамномерен развој на Општината.

Заедно со веќе постоечкиот канализациски систем припадна површина 4, сега со фекалната канализација во Кадино се опфатени над 660 домаќинства од ова населено место.

Досега во општина Илинден изградена е вкупна канализациска мрежа во должина од 30.000 метри, изградени се 6 пречистителни станици, во 4 населени места (Илинден, Марино, Кадино и Миладиновци), на која се приклучени вкупно 1.664 домаќинства.

Реализацијата на капиталниот проект „Изградба на фекална канализација со пречистителни станици“, е еден од приоритетите во стратешките цели на општина Илинден и претставува капитална инвестиција.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:кадиноОпштина Илинденпречистителна станица
Претходен напис Економските советници се запознаа со туристичките потенцијали на Берово
Следен напис Нѐ очекува лето со натпросечни температури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?