Сува трева и стрништа гореле во липковското село Матејче и во село Жегљане во општина Старо Нагоричане, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, во моментов нема активни пожари на подрачјето на поширокиот кумановски регион. Двата пожари се изгаснати. Во Жрегљане со пожар биле зафатени и насади со орев и лозје на површина од 1, 5 хектари.
– Сите пожари на територија на општина Старо Нагоричане се изгаснати, вчера како и изминатите денови повторно имаше пожар во село Жегљане во близина на борови, се појави до патот, на граница со селото Степанце. Веднаш интервенираше ТППЕ Старо Нагоричане и пожарот беше ставен под контрола, изјави командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.
Противпожарната единица на Старо Нагоричане се бори со пожарите и покрај недоволната опременост и бројност. Старо Нагоричане е мала општина по број на жители, но е распространета на поголема површина. Пожарникарите велат дека за нив е предизвик да се стигне од една локација на друга особено на повисоките планински места
– При појавување на пожар од поголеми размери на кој му помага ветерот, ние мора цела единица да мобилизираме од деветмина пожарникари. Последнава недела пожари имавме во Никуљане, Жегљане, Степанце последните пет дена секојдневно имавме пожари по еден или по два, изјави Трајковски.
При пожарите горела сува трева, ниска деградирана шума, гранки, друга вегетација.
– Апелираме треба да се внимава особено викендите, сабота и недела кога е поголема раздвиженоста и фреквенцијата, секој што ќе излезе дали до река или излетничко место, да внимава со отпушоците, правењето скара и останато, вели Трајковски.
МИА
Напишете коментар