Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Изгаснати 30 пожари во текот на вчерашниот ден, активни уште шест
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Изгаснати 30 пожари во текот на вчерашниот ден, активни уште шест
Агровести

Изгаснати 30 пожари во текот на вчерашниот ден, активни уште шест

Објавено 24/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Противпожарните тимови, некаде помогнати и од месното население, во текот на вчерашниот ден изгаснале 30 пожари, а шест сѐ уште се водат како активни. Во тек се активности за нивното контролирање, локализирање и догаснување, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активните се три пожари во општина Битола. Тие се кај селата Црничани и Лознани, каде гори нискостеблеста вегетација и кај село Ивањевци, каде гори ниска вегетација.

И во општина Прилеп има три активни пожари, кај селата Слепче, Долнени и Тројкрсти, каде гори ниска вегетација. 

Изгаснатите 30 пожари се регистрирани низ цела држава. Во општина Гази Баба биле изгаснати три пожара, кај село Раштак, каде била опожарена ниска вегетација и шума  и во кругот на фабрика „Железара“ (ниска вегетација). Во село Брњарци горела ниска вегетација.

Во општина Кисела Вода бил изгаснат пожарот во месноста „Три круши“. Таму горела ниска вегетација и шума.

Пожарникарите го изгаснале и пожарот кај село Кондово, во општина Сарај, каде горела ниска вегеатција. 

Кај село Нерези, општина Карпош горела депонија, а во Радишани, општина Бутел ниска вегетација. 

Од пожарите по четири се во околината на Кичево и во околината на Куманово. Три се во околината на Струга, два во општина Крушево, по еден во Прилеп, Струмица, Македонски Брод, Штип, Кочани,Пробиштип, Брвеница (село Милетино), Гостивар…

Центарот за управување со кризи апелира до сите граѓани да внимаваат да не предизвикаат пожар. 

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Пожар
Претходен напис Времето облачно, попладне дожд, грмежи и ветер
Следен напис Вториот товарен брод со украинско жито пристигна во Истанбул
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?