Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Изгаснат пожарот кај дебарското село Татар Елевци и депонијата во Могорче
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Изгаснат пожарот кај дебарското село Татар Елевци и депонијата во Могорче
Агровести

Изгаснат пожарот кај дебарското село Татар Елевци и депонијата во Могорче

Објавено 28/08/2024
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Изгаснат е големиот пожар кај селото Татар Елевци, како и оној на депонијата на селото Могорче, потврди за МИА Фемија Ајроски, раководител на Регионалниот ЦУК-Дебар.

– Се гаснеше во текот на целата ноќ, бидејќи пожарот се прошири и постоеше опасност по селото Горно Рајчица. Освен недостапниот терен, дополнително врз проширувањето на пламените јазици влијаеше ветерот. Но, со максимална ангажираност е локализиран, рече Ајроски.

Според него, во гаснењето биле вклучени дебарските пожарникари, вработени од подружницата „Стогово“ на ЈП „Национални шуми“, како и месно население. 

– Зафатена беше површина од 40 хектари мешана дабова шума и сува трева. Во претходниот пожар пред дваесеттина дена, што беше над истото село беа опожарени 30 хектари, вели тој.

Упати апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни за да не предизвикаат пожар. Доколку забележат сомнително однесување веднаш да пријават на 112 или во дебарската полициска станица.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:дебарското селоЕлевциИзгаснатМогорчепожаротТатар
Претходен напис ЦУК: Изгаснати 29 пожари, пет се уште активни
Следен напис Лишен од слобода прилепчанец поради предизвикување пожар, ќе биде поднесена кривична пријава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?