Многу популарното пенливо вино забележа раст на производството од дури 25,4 отсто во 2021 година, а за тоа во голема мера е заслужно лансирањето на розе просеко.
Минатата година Просеко, едно од најпопуларните пенливи вина во светот, лани забележа рекордно зголемување на производството, за дури една четвртина! Според веб-страницата Beverage Daily, минатата година биле произведени 627,5 милиони шишиња, вклучувајќи 71,5 милиони шишиња од розе просеко, нов глобален хит и вино, што е во голема мера одговорно за овој голем пораст. Сериозен раст е забележан и кај монетарната вредност на просекото, кој лани на пазарите надвор од Италија чинел, во просек, 4% повеќе од 2020 година.
Виното од североисточниот дел на Италија, кое се прави од сортата глера со максимум 15 отсто учество на други дозволени сорти, од 2020 година се прави и како розе, од сортите глера и пино ноар, исклучиво во пенлива варијанта (спуманте). Овој потег, кој покажа голем интерес на пазарот во деноминацијата Prosecco DOC, како и во италијанското Министерство за земјоделство, дополнително ја зајакна глобалната позиција на просекото, вино кое стана синоним за достапно и непретенциозно пенливо вино.
Стефано Занете, шеф на конзорциумот Prosecco DOC, коментирајќи ги овие извонредни деловни резултати, рече дека изминатите десет години биле многу возбудливи во овој дел од винска Италија:
-Нашата цел е да продолжиме да ги зголемуваме нашите успеси со планирање на иднината на целиот синџир на снабдување, следење на трендовите на пазарот, посветување целосно внимание на нашиот регион и заедниците во него и со тоа што ќе бидеме активни во целиот производствен систем – рече Занете, додавајќи дека заштитата и унапредувањето се двете најважни области на работа на овој конзорциум. Заштитата овде значи борба против фалсификувањето, односно „генеричките“ пенливи вина што се продаваат под лажна ознака Prosecco DOC, кои го преплавија пазарот во последните години, пренесува порталот vinoifino.rs.
