Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Истражување: Живеењето во близина на паркови го забавува биолошкото стареење за 2,5 години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Истражување: Живеењето во близина на паркови го забавува биолошкото стареење за 2,5 години
Магазин

Истражување: Живеењето во близина на паркови го забавува биолошкото стареење за 2,5 години

Последна измена: 29/06/2023 11:44
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

 Градските паркови и зелените површини помагаат да се победи топлината, да се зајакне биолошката разновидност и да се забави биолошкото стареење. Луѓето кои имаат пристап до зелените површини во просек се за 2,5 години биолошки помлади од другите, се наведува во студија објавена во „Сајанс адвенсис“ (Science Advances).

– Живеењето во близина на повеќе зеленило може да ви помогне да изгледате помладо од вашата реална возраст, изјави авторката на студијата и постдокторски соработник на Медицинскиот факултет Фајнберг на Универзитетот Нортвестерн, Кјезу Ким.

Се верува дека причините за подмладувањето се поголемата физичка активност и социјалните интеракции, но не е јасно дали парковите навистина го забавиле стареењето на клеточно ниво.

Во студијата се испитувани хемиските модификации на ДНК познати како метилации. Претходната работа покажа дека така наречените „епигенетски часовници“ засновани на метилација на ДНК можат да бидат добар предиктор за здравствени состојби како што се кардиоваскуларни болести и рак и за когнитивната функција и попрецизен начин за мерење на возраста од календарските години.

При истражувањето набљудувани се повеќе од 900 белци и афроамериканци од Балтимор, Чикаго, Минеаполис и Оукленд во период од 20 години односно од 1986 до 2006 година.

Студијата покажува дека луѓето чии домови биле опкружени со 30 отсто зеленило во радиус од пет километри, во просек биле 2,5 години биолошки помлади во споредба со оние чии домови биле опкружени со 20 отсто зеленило. Афроамериканците со поголем пристап до зелените површини биле само една година помлади биолошки, додека белците биле три години помлади.

Други фактори, како што се стресот, квалитетот на околните зелени површини и друга социјална поддршка, може да влијаат на степенот на благосостојба на зелените површини во однос на биолошкото стареење, посочи Ким, објаснувајќи дека разликите бараат дополнителни истражувања. 

Може да ви се допадне

Корисни совети за заштита од оси лете
Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница
Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања
Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе
Го замени жешкиот асфалт со мотика: Бане Томашевиќ одгледува живина на село
Таг:биолошкото стареењеИстражувањепаркови
Претходен напис (ВИДЕО) Дали знаете колку време е потребно за почвата да ја впие водата?
Следен напис Патот Брезница – Македонски Брод низ НП Јасен утре затворен за сообраќај
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?