Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Истражување: Сезонските работници во Германија изложени на масовно кршење на работничките права
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Истражување: Сезонските работници во Германија изложени на масовно кршење на работничките права
Агровести

Истражување: Сезонските работници во Германија изложени на масовно кршење на работничките права

Објавено 15/11/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сезонските работници во земјоделството се изложени на бројни прекршувања на работничките права во Германија, се наведува во извештајот на сојузот „Fait Agriculture Initiative“, кој ја истражува сезонската работа во таа земја.

Во него е утврдено дека најмногу вработени годинава дошле од Романија, а потоа следат Полска, Хрватска, Украина, Бугарија и Грузија.

Поради кршење на човековите права, синдикатите бараат од следната влада да ги спроведе социјалните правила што ги налага Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) на ЕУ и во овој случај да не ги користи погодностите од преодниот период одобрен од Европската комисија, туку да почне да ги применува во 2023 година, пишува Еuractiv.

За време на теренските истражувања, претставниците на иницијативата наишле на нецелосни исплати на плати, големи одбитоци, но и недостаток на социјално и здравствено осигурување и несоодветно сместување. Недостигала и контрола. Според извештајот, во Баварија царината извршила само две до четири контроли во моментот на берење аспарагус.

Сојузот објави дека бројот на сезонски работници останал сличен на нивото пред пандемијата. Германија им забрани влез на странски работници во земјата на почетокот на појавата на ковид. Но, по кратко време им беше дозволен влез под одредени услови за да се спречат проблеми во земјоделското производство.

Законските прописи лошо се спроведуваат

Извештајот покажува дека мерките за пандемијата биле прекршени, а државата ретко ги проверувала фармите. Според Харалд Шаум, заменик претседател на германските синдикати IG BAU, тоа е можно поради лабавите законски прописи и нивното неспроведување.

„Со текот на годините тие стануваа сѐ полоши и речиси никој не ги контролира“, додаде тој. Тој предупредува дека компаниите кои го почитуваат законот се во ситуација да мора да се натпреваруваат со оние кои не го прават тоа, а Германија станува сѐ понеатрактивна за работниците.

„Контролите мора да бидат масовни“, вели тој.

Моменталната реформа на ЗЗП воведе т.н. условување. Значи, во новиот период на финансирање, тоа ќе се постигне преку директни земјоделски плаќања поврзани со усогласеност со специфичните минимални барања за работните услови, животната средина и благосостојбата на животните на фармата.

Шаум смета и дека е неопходно да се зајакне меѓународната соработка со Европскиот инспекторат за труд. Според него, политиката на новата влада треба да се усогласи со Директивата на ЕУ за сезонските работници, вклучително и оние од трети земји, пренесува Agroklub.rs.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:сезонски работници
Претходен напис Бочварски: Првата делница од автопатот Скопје – Блаце готова до средината на следната година
Следен напис ИЛГИ тањирачите се најпрактичен производ со висок степен на маневрирање, кој е корисен при работа во помали места
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?