Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Истражување на ЕБОР прикажува родова нееднаквост во пристап до климатското финансирање и препорачува мерки за овозможување на зеленото финансирање подостапно за жените
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Истражување на ЕБОР прикажува родова нееднаквост во пристап до климатското финансирање и препорачува мерки за овозможување на зеленото финансирање подостапно за жените
Агровести

Истражување на ЕБОР прикажува родова нееднаквост во пристап до климатското финансирање и препорачува мерки за овозможување на зеленото финансирање подостапно за жените

Објавено 22/10/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Жените во Македонија имаат банкарски сметки и кредитни картички на исто ниво како мажите, но имаат добиено само 28 отсто од кредитите достапни преку Програмата за финансирање на зелена економија (Green Economy Financing Facility– GEFF). Соодносот е скоро 10 милиони евра зелено кредитирање помалку за жените, покажуваат резултатите од истражувањето направено од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Според истражувањето, жените покажуваат поголема загриженост за климата и инвестираат повеќе, а сепак имаат помал пристап до зелените кредити. Резултатите покажуваат дека младите жени се соочуваат со дополнителни бариери за пристап до кредитирањето, најчесто заради договори за привремено вработување, породилно отсуство, неплатена грижа за блиски, кои го лимитираат нивното учество во формалниот пазар на труд. Овие структурални измени придонесуваат жените да имаат помала финансиска инклузивност и намален пристап до можностите за зелени инвестиции.

Според податоците во истражувањето, жените кои подигнуваат кредити,  позајмуваат поголеми суми од просечната сума на кредити, преку Програмата за финансирање на зелена економија. Просечната големина на кредитот кај жените е 8.529 евра, што е значително над просекот на програмата од 5.605 евра. Ова е индикатор дека жените прават значајни инвестиции, кога за тоа ќе добијат можност.

Вo студијата се истакнува и силен деловен аспект за проширување на зелените финансии за жените. Жените демонстрираат силна климатска свест, а 74 отсто изразуваат загриженост за ризиците поврзани со климата во споредба со 61 отсто од мажите. И покрај тоа, жените остануваат помалку претставени во зеленото финансирање. Овие резултати укажуваат на значајна можност за финансиските институции за проширување на нивните пазари, преку справување со бариерите специфични за полово креираните производи, кои ги задоволуваат потребите на жените. 

-Ова истражување е важно затоа што со подобрување на собирањето на податоци и истакнување на половиот диспаритет, може да се помогне во натамошното кревање на свесноста околу оваа работа и подобрување на учеството на жените во зелената економија, истакна Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР за Северна Македонија при презентирањето на резултатите од истражувањето.

Тој додаде дека Програмата за финансирање на зелена економија поддржана од ЕБОР и нејзините донатори, продолжува да работи со локалните банки во промовирање на инклузивно зелено финансирање и обезбедување на услови жените да не бидат изоставени во зелената транзиција.

Претставничката од Европската Делегација, Мари Маделеин Канелополу, пак, истакна дека половата еднаквост е фундаментална компонента на сите политики на Европската Унија имплементирани во Северна Македонија, со која, како што рече, се овозможува усогласување со целите на климатска неутралност со родовата еднаквост, и се поттикнува оддржлив развој.

-Со вакви податоци се овозможува да знаеме кои се пазарните потреби, кои се пречките за женските претприемачи и како заеднички можеме да изградиме капацитет за поддршка на полово одговорни климатски акции во иднина, додаде таа.

Програмата за финансирање на зелена економија на ЕБОР пласира финансиска поддршка во земјава од 2017 година, обезбедувајќи финансирање за сопственици на домови, за инвестиции во технологии кои заштедуваат енергија, во соработка со локалните партнерски банки. Истражувањето ги утврдува резултатите и тенденциите на кредитирање преку програмата, која до денес има поддржано скоро 5.000 сопственици на домови, во инвестиции на енергетска надградба во нивните живеалишта.

Полово базираната проценка нуди препораки на финансиските институции во надминување на бариерите на жените во пристап за климатско финансирање, вклучувајќи користење на полово прилагоден маркетинг и информативни канали, како и зголемување на свеста за можностите за финансирање прилагодени според потребите на жените. Напорите треба да се фокусираат и на справување со половите предрасуди во финансиските процеси, обезбедување на субвенции за зелени инвестиции, и зајакнување на соработката со локалните влади во поддршка на пристапот на жените до финансии.

Програмата за финансирање на зелена економија на ЕБОР на Западен Балкан е ко-финансирана од Европската Унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, владите на Австрија, Данска, Јапонија и Швајцарија, преку иницијативата Партнерство со високо влијание за климатските акции (High-Impact Partnership on Climate Action – HIPCA), која е поддржана од Австрија, Канада, Финска, Германија, Холандија, Јужна Кореа, Шпанија, Швајцарија, Тајван-Меѓународниот фонд за соработка и развој, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:ЕБОРИстражувањеродова нееднаквостфинансирање
Претходен напис Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
Следен напис Рокас: Декарбонизацијата и обновливата енергија моќни алатки за изградба на поконкурентна економија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?