Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Исти стандарди и за увоз на прехранбени производи во ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Исти стандарди и за увоз на прехранбени производи во ЕУ
Агровести

Исти стандарди и за увоз на прехранбени производи во ЕУ

Објавено 10/07/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската унија планира со нова стратегија да ја намали употребата на пестициди за 50%, а европскиот комесар за земјоделство Јану Војчеховски вели дека не смее да се дозволи увоз на производи третирани со пестициди кои се забранети во Европа.

Додека земјоделците на државите членки на ЕУ се соочени со забрана за употреба на поедини средства за заштита на растенијата, истовремено се увезуваат други производи од други земји кои се третирани со тие исти средства.

За тој проблем зборуваше европскиот комесар за земјоделство Јану Војчеховски на видео конференција со француските сенатори.

Пристапот на ЕУ кон стандардите за храна и заштита на животната средина придонесе за тоа да земјоделството претставува камен на сопнување во трговските спогодби, особено со САД.

Војчеховски изјави дека би можеле да се појават тешкотии со оглед на потребата да се следат правилата на Светската трговска организација, но дека увозот би требало да подлежи на истите стандарди кои се применуваат во Европа.

Според податоците од минатата година, повеќе од една четвртината пестициди и сродни средства кои се користат во САД се забранети во ЕУ.

Европските земјоделци, еколошките активисти и некои политичари веќе долго време ја критикуваат ЕУ и поради недоследноста во приемната на истите правила на увезени прехранбени производи, како што се генетски модифицирените производи.

Извор:  Agroklub

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:еупестицидистратегијаувоз на прехрамбени производи
Претходен напис Холандија: Уапсени околу 50 фармери кои протестирале поради намалување на протеините во исхраната на кравите
Следен напис Зелена нафта за струмичките земјоделци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?