
Исплатени се субвенциите за органско производство за 2021 година кон 816 земјоделци, со вкупен износ од 102.6 милиони денари. Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства кои пријавиле сертифицирано растително и органско органско производство и производство преод согласно Законот за органско земјоделско производство, или пак имаат земјоделски површини кои се наменети за зелено ѓубрење или угар во плодоред кој е во функција на органското производство.
Напишете коментар