Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Исплатени субвенции за пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афионова чушка за 2024 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Исплатени субвенции за пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афионова чушка за 2024 година
Субвенции

Исплатени субвенции за пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афионова чушка за 2024 година

Објавено 26/06/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на подмерка 1.3 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1 за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афионова чушка од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се корисници на подмерка 1.1. од оваа уредба, кои имаат засеани и ожнеани површини со сончоглед, маслодајна репка и оствареното производство го имаат продадено во преработувачки капацитети, вклучително и за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Корисници на оваа подмерка се и земјоделските стопанства кои се корисници на подмерка 1.1. од оваа уредба, кои имаат засеани површини со афион во есен 2023 година и пролет 2024 година, имаат одобрение за производство на афион согласно Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции и оствареното производство од афионова чушка од реколта 2024 година го продале во регистрирано откупно претпријатие запишано во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Корисници на оваа подмерка се и земјоделски стопанства кои се корисници на подмерка 1.1. од оваа уредба кои имаат засеани и ожнеани површини со пченица и јачмен и оствареното производство го имаат продадено или складирано кај регистриран откупувач, вклучително и за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Корисници на оваа подмерка се и земјоделски стопанства кои се корисници на подмерката 1.1. од оваа уредба кои своето производство од пченица и јачмен го продале на регистрирани одгледувачи на добиток, вклучително и за сопствени потреби за исхрана на добиток регистриран со регистарски број на одгледувалиште, во регистарот на одгледувачи наживотни во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Висината на дополнителните директни плаќања е условена со минимални просечни приноси и тоа: 3.000 кг/ха за пченица и јачмен, 1.500 кг./ха за сончоглед, 1.800 кг/ха за маслодајна репка, 300 кг/ха за афион.

Висината на дополнителните директни плаќања за пченица, сончоглед и маслодајна репка изнесува 6.000 денари по хектар, за јачмен изнесува 12.000 денари по хектар и за афионова чушка изнесува 18.000 денари по хектар.

По оваа основа се исплатени 265.720.530,00 денари кон 4.659 земјоделци.

Може да ви се допадне

Годишен извештај за работата на РКЕ во 2025 година: За 8,34 отсто зголемена потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година
Планираната сеидба на сончоглед во Русија е на 10,9 милиони хектари
Белгискиот град Oденар бесплатно ќе дели семе од сончоглед за да го подобри имиџот на „Тоскана на северот“
Повеќе од 43.000 тони спорна пченица: Украина ја обвинува Русија за кражба, Израел е под притисок
Еве кои земјоделци до 15 мај треба да поднесат барања за субвенции за 2026!
Таг:2024 годинаИсплатени субвенциијачменпченицасончогледчушка
Претходен напис Исплата на мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства подмерка 121.1 набавка на добиток и тоа високо стелни педигрирани јуници за млеко, месо и комбинирани млеко-месо и месо-млеко
Следен напис Се воведува целосна забрана за движење во шума од 1 јули до 31 август
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?