Денес се исплатија 264.241.663,00 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година кон 22.141 земјоделци и тоа за мерка 1.8 Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади. За оваа мерка се исплатени 118.186.903,00 денари кон 8.729 корисници, информира Платежната агенција.
Исто така, денес исплатени се и средства за мерка 1.11 Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади. За оваа мерка се исплатени 146.054.760.00 денари кон 13.412 корисници.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со континуирана и навремена исплата на субвенциите, во период кога им се најпотребни на земјоделците.