Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Исплатени 230,1 милион денари за субвенции по повеќе мерки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Исплатени 230,1 милион денари за субвенции по повеќе мерки
Субвенции

Исплатени 230,1 милион денари за субвенции по повеќе мерки

Објавено 16/09/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 4.846 субјекти, исплати 230,1 милион денари за субвенции. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека овие исплати се за неколку мерки :

„По три денари по килограм, добиваат градинарите кои оствареното производство од пријавените површини го предале во преработувачки капацитети. Денеска, за оваа мерка на сметките на 3.310 градинари, исплативме 168,9 милиони денари. Вчера беше исплатена и финансиска поддршка за градинарите кои минатата година имаа произведена зелка во период од 5- ти април до 5 – ти мај 2020 година. Тие добиваат по 3 денари по килограм, односно, вкупно 708 лица добија финансиска поддршка од 30,4 милиони денари, кои имаа произведено пролетна зелка од почеток на април до почеток на мај лани и истата ја имаа предадено кај регистрирани откупувачи. А средства на сметките добија и сите земјоделци кои оствареното производство на овошни култури го предале во производни капацитети. За оваа мерка исплатени се 16,7 милиони денари на 172 овоштари, односно три денари по килограм произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети. Веќе утре на сметките на 656 мали земјоделски стопанства ќе бидат исплатени над 14 милиони денари “ – истакна Бачовски.

Исплатата на преостанатите мерки ќе продолжи. Сите кои правно законски се стекнале со право за добивање на финансиска поддршка во земјоделството и не се должници за вода, пашарина или закуп на земјоделско земјиште ќе си ги добијат срествата за мерките за кои имаат аплицирано.Земјоделците се наш партнер, нивно е да произведуваат квалитетни култури а Владата и Агенцијата ќе продолжат да креираат мерки и политики кои ќе овозможат поволни услови за развој на агро – секторот.

Може да ви се допадне

Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани
Еве кои земјоделци до 15 мај треба да поднесат барања за субвенции за 2026!
Исплатени 1 060 218 денари за оризова арпа од интервентен фонд
АФПЗРР: Исплатени 3 313 888 денари за складирање на пченица
МЗШВ: Исплатени се близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци
Таг:зелка
Претходен напис Дезинсекција на подрачјето на Општина Теарце
Следен напис Утре натпросечно топло, за викендот врнежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?