Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Исплатена третата транша од унгарскиот кредит за компаниите, за министерката за финансии тоа е значаен инпут врз економскиот раст
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Исплатена третата транша од унгарскиот кредит за компаниите, за министерката за финансии тоа е значаен инпут врз економскиот раст
Агровести

Исплатена третата транша од унгарскиот кредит за компаниите, за министерката за финансии тоа е значаен инпут врз економскиот раст

Објавено 15/05/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откако министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вчера соопшти дека од централниот Буџет е префрлена третата транша од унгарскиот кредит наменет за компаниите, денеска Развојната банка информираше дека веќе се исплатени средствата. 

Средствата во износ од 41,3 милиони евра се наменети за 175 одобрени проекти на домашните компании. Со овие средства поддржани се девет микро, 91 мали, 57 средни и 18 големи компании во државата.

– Најголем дел од средствата на оваа транша се наменети за финансирање на 91 проект на мали компании и 19,5 милиони евра за инвестиции во опрема. По структура на дејност, од оваа транша најголем дел од средствата се исплатени за поддршка на компаниите кои имаат дејност пред сé од областа на производството, во износ од 13,6 милиони евра. Структурата по вид на инвестиција од оваа транша е следнава: 45 проценти во градежи, 47 проценти во опрема, 2 проценти во обновливи извори на енергија и 6 проценти инвестиции во транспортни средства, информираат од Развојната банка. 

Со оваа транша, исплатени се вкупно 125,8 милиони евра кон деловните банки, односно половина од предвидените 250 милиони евра наменети за поддршка на стопанството преку кредитната линија за инвестиции и развој, со што се финансирани 470 проекти на домашните компании.

Според министерката за финании Гордана Димитриеска-Кочоска,  средства што ќе се инјектираат во стопанството се значаен инпут врз економскиот раст и ќе бидат екор кон остварување на проекцијата од 3,7 проценти. 

МИА

Може да ви се допадне

Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија
Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Таг:исплатенатретата траншаунгарскиот кредит
Претходен напис Состојба на патиштата
Следен напис УХМР: Утре врнежи од дожд, на повисоките планини повремен снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?