Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Искуства на сезонските работници: Неплатени часови, нечовечки услови и злоупотреба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Искуства на сезонските работници: Неплатени часови, нечовечки услови и злоупотреба
Агровести

Искуства на сезонските работници: Неплатени часови, нечовечки услови и злоупотреба

Објавено 28/07/2020
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Проектот „Невидливи работници“ открива во какви услови живеат и работат сезонските работници во некои од најразвиените земји во Европската унија.

Со појава на пандемијата на корона вирусот, сезонските работници во земјоделството, на кои порано не се обрнувало премногу внимание, одеднаш станаа една од главните алки на прехранбениот ланец. Тие беа тоа и претходно, но дури сега светската јавност свати колку е важна работата која тие луѓе ја извршуваат незабележано во тишина, често и во нечовечни услови во 21 век.

Европскиот портал Euronews учествуваше во голем истражувачки проект под наслов „ Невидливи работници“, во кој се интервјуирани сезонски работници во земјоделството во некои од најголемите европски економии. Нивните приказни ги открија бедните услови во кои настануваат производите кои Европјаните, вкусно спакувани и хумано презентирани, ги купуваат во блескавите трговски ланци, не знаејќи како изгледа животот на една личност која тој конкретен плод го набрала, за на крај тој да стигне на нивната трпеза.  

Работниците во разговорите се жалеле на неплатените часови, работа под огромен притисок, со многу малку вода и заштита, поради што многумина се онесвестуваат и повраќаат од изнемоштеност. Ги открија нечовечките услови за живот и проговорија за вербалната, физичката па дури и сексуалната злоупотреба.

Диви населби и казнување во Шпанија

Шпанија е водечки европски производител на овошје и зеленчук. Во нејзината јужна покраина Хуелво, јагодите се нарекуваат „црвено злато“ и носат приход од 500 милиони евра секоја сезона. Но, сезонските работници, кои главно се странци, таму живеат во диви населби во простории кои се изградени од картон, палети и остатоци од фолија за пластениците. Немаат пристап до струја, санитарен јазол или чиста вода.

– “Земја развиена како Шпанија, европска земја… Не разбирам како може да се дозволи оваа ситуација да продолжува“, вели Сејдоу Диоп, бивш сезонски работник кој берел јагоди и живеел во една од овие населби, а сега води заедница која им помага на мигрантите без документи, кои сочинуваат поголем број работници во земјоделството на тој регион.

Претставникот на синдикатот Хозе Антонио Бразо изјавил дека тие кои не успеваат да ја постигнат очекуваната продуктивност се казнувани. “Тоа е како во средновековниот период, ако не сте набрале количина која ви е зададена, ве казнуваат со еден, два или три дена во кој останувате дома без плата. Тие денови не можете да земете пари“, вели Бразо.

Претставничката на одборот за заштита на правата на сезонските работници во Хуелво Ана Пинто вели дека притисокот на сезонските работници во време на пандемијата на кроона вирусот е дополнително зголемен, а инспекцијата за работа речиси и да ја немало.

-“Локалните власти, предузимачите кои ги вработуваат овие луѓе, нашата национално прогресивна Влада, никој не направил ништо. Никој не мислел на овие луѓе кои со своите раце ја спасуваа економијата и ги хранеа луѓето во оваа и други земји“, вели Пинто.

Повеќето работници работат за компанијата Бионест, која само минатата година низ заедничката земјоделска политика доби поддршка во вредност од 4,4 милиони евра.

Десет жени од Мароко минатата година против компанијата Doñan во 1998 подигнале тужба во која ги обвинуваат дека биле жртви на трафикинг, сексуални напади и сексуално искористување за време на работа на нивните плантажи. Во разговор со новинарите опишуваат дека биел гладни до таа мерка што морале да копаат по кантата за отпадоци во потрага за остатоци од храна. Биле присилувани на проституција, а нивните работодавци им се обраќале, нарекувајќи ги „робинки“.Доаѓањето во Шпанија им ги уништило животите, изјавиле за Euronews. Кога вестите за злоупотреба стигнале во нивната земја, доживотно им е уништен угледот и станале жртви на развод и губење на старателството над децата.

Франција : “Добредојдовте во пеколот“

Франција е најголем производител на маслодајна репка и жито во Европа и корисник на најголем износ во поддршка – над седум милиони евра годишно. Млад Колумбиец кој во Франција дошол како сезонски работник во земјоделството сместен е во куќа во која живееле 40 луѓе. „Добредојде во пеколот“, се сеќава дека му рекле при доаѓањето. Мислел дека станува збор за шега, но кога ги видел животните услови, се уверил дека тоа не е далеку од вистината.

По пет луѓе спиеле во една соба, без прекривач, перница или тоалетна хартија. Тоа го плаќале двеста евра месечно, што автоматски им се одбивало од платата.

Освен катастрофалните животни услови, работниците во разговор со новинарите откриле и дека не им се платени дополнителните часови работа. Главниот извршен директор на компанијата Патрик Ларере во одговор на новинарско прашање изјавил дека после нивното прашање спроведено е интерно истражување и се забележани одредени аномалии во организацијата, но дека повеќето работници и идната сезона ќе дојдат на работа. Ветија дека ќе им дадат прекривачи и ги повикаа локалните и централните власти да им помогнат околу трошоците за сместување.

Човечка цена за евтино месо

Германската месопреработувачка компанија Tönnies дојде на лош глас откако на властите не успеа да им ги укаже трагите на движење на стотина работници заразени со корона вирус. Повеќето работници доаѓаат од Источна Европа и се жалат на неплатени прекувремени часови и високи цени за сметување. Романската министерка за работа Виолета Александру во мај допатува во Берлин за лично да достави приговор поради третманот на нејзините сограѓани во месопреработувачката индустрија и на фармите со аспарагос. 

– “Работите треба да бидат ајсни од самиот почеток. Колку е мојата плата? Колку се плаќаат дополнителните часови и до која граница ми се дозволени?“, изјави Александру и ја повика ЕУ на поголемо вклучување и носење промени во овој сегмент.

– “Сметам дека нашата улога во Европската унија е да се осигураме дека кон парите на даночните обврзници да се однесуваме со почит, вклучувајќи проверка за сите работници кои имаат договори кои ги покриваат фондовите на ЕУ да имаат минимална социјална заштита на работите кои ги извршуваат“, вели таа.

Европскиот парламент на 19 јуни 2020 година ја изгласа резолуцијата со која се повикува на итно делување за да се сочува здравјето и сигурноста на европските сезонски работници. Пратениците ја повикаа Европската комисија да се ангажира против праксата на склопување преддоговори и ги повикаа државите членки на зајакнување на инспекциите за работа и обезбедување на услови кои одговараат за сместување за парите, кои на работниците им се одземаат од платата.

Извор: Agrobiz.hr

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:бербаработницисезонскифирма
Претходен напис Во Црна Гора, нема кој да ги бере лозјата
Следен напис Тајланд забележа најниско производство на ориз, во последните 20 години
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?