Младиот кромид содржи низа витамини и минерали корисни за здравјето. Не заборавајте дека зелениот дел е многу хранлив па користете го во други јадења.
Познато е дека младиот кромид има антибактериски својства и штити од воспаленија, како и дека помага при настинка, а одличен е и за подобрување на варењето.
Важно кај младиот кромид е што тој се јаде целосно и кога е свеж. На тој начин во организмот ги примаме сите негови компоненти.
Тие компоненти позитивно влијаат на нашето здравје.
Зошто е добро да се јаде млад кромид секој ден?
Го штити срцето
Младиот кромид е полн со антиоксиданси кои ги штитат клетките во телото од оштетувања предизвикани со делување на слободните радикали. Со тоа, младиот кромид го држи крвниот притисок во граница на нормала и го намалува ризикот од создавање на згрутчувања.
Добар е за видот
Младиот кромид штити од воспаленија и го намалува ризикот од болести на мрежницата. Содржи витамин А кој е важен за производство на протеинот во очите, заслужен за добар вид. Луѓето на кои им недостига овој витамин можат да страдаат од ноќно слепило и други пореметувања. Еден кромид содржи околу 3 отсто од дневните потреби на витаминот А.
Ги зацврстува коските
Витамините Ц и К со кои изобилува младиот кромид, добри се за заштита на коските. Само еден кромид содржи околу 20 отсто од препорачаните дози на витамин К и околу 2 отсто витамин Ц. И едниот и другиот се важни за густината и цврстината на коските. Недостатокот на овие витамини ја зголемува шансата за развој на остеопороза и скршеници.
Го намалува холестеролот
Зелениот дел од младиот кромид го намалува нивото на лош холестерол во крвта, а помага и во регулирање на нивото на шеќер во крвта.
За поубава кожа
Младиот кромид му помага на телото во производство на колаген, кој е важен за убава, здрава и затегната кожа. Колагенот е заслужен за забавување на појавата на брчки на лицето и се наоѓа во многу креми.
