Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Објавен нов јавен повик за Мерка 1 од ИПАРД: 7,4 милиони евра за инвестиции во земјоделско производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ИПАРД > Објавен нов јавен повик за Мерка 1 од ИПАРД: 7,4 милиони евра за инвестиции во земјоделско производство
ИПАРД

Објавен нов јавен повик за Мерка 1 од ИПАРД: 7,4 милиони евра за инвестиции во земјоделско производство

Објавено 12/02/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) на 12.02.2025 год. објави јавен повик бр. 01/2025 за Мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД III програмата. Вкупниот буџет за овој јавен повик изнесува 7.415.335 евра, а апликантите може да побараат неповратен грант во максимален износ до 750.000 евра кој ќе покрие до 75% од прифатливите трошоци за инвестиции во сопствено земјоделско производство, преработка и директен маркетинг на земјоделски производи.

Финансиските средства на јавниот повик се наменети за следните приоритетни сектори:

1.Сектор за растително производство, и тоа следните потсектори:

  • Житни култури
  • Индустриски и фуражни култури
  • Лозови насади (само вински сорти)
  • Други култури од Анекс I кои не се поддржани во рамки на Мерка 7

2.Сектор за сточарско производство, и тоа следните потсектори:

  • Говеда (за: млечно говедарство, гоење)
  • Свињи (за: репродукција, гоење)
  • Овци и кози (за: млечно овчарство, козарство, гоење)
  • Живина (кокошки несилки, пилиња одгледувани за производство на месо – бројлери)
  • Друг добиток од Анекс I што не е поддржан во рамки на Мерка 7

3.Сектор рибарство:

  • Фарми за аквакултура за слатководни риби

4.Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на фарма, и тоа следните потсектори:

  • Млеко и млечни производи
  • Јајца, месо и производи од месо
  • Овошје и зеленчук, вклучувајќи компири и мешункасти култури
  • Шира, сок од грозје, вино

5.Производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка

  • Преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса (освен биомаса од рибни производи) за производство на биогас и/или биогорива
  • Користење на сончева енергија, ветерници, геотермална енергија итн.

Крајниот рок за поднесување на проектни апликации е 29.03.2025 год.

Начинот на аплицирање е со поднесување на Барање за финансиска поддршка, деловен план или технички предлог проект и придружна документација наведена во јавниот повик.

За подготовка на проектни апликации јавете се на
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]

Може да ви се допадне

Седми состанок на Комитет за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027
Продолжува реализацијата на ИПАРД 3, потпишани 5 нови договори
(ВИДЕО) Иротова – Лазарева: Продолжува исплатата, потпишување на договори, а следно ќе бидат нови повици за ИПАРД
(ВИДЕО) Трипуновски: Во наредните денови ќе има исплата на 4.1 милиони евра на оние што аплицирале и добиле ИПАРД средства
Одобрено обвинение за злоупотреби со ИПАРД, ќе се распределуваат преку АКМИС
Претходен напис На 13 февруари отварање на понудите за закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари
Следен напис НАЈК ПРОМ: Трактори ArmaTrac EURO V од 57hp до 125hp – висока технологија и перформанси
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?