Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ИПАРД 3 новини – Aвансна исплата до 50 отсто од поддршката веднаш по потпишување на договорот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ИПАРД 3 новини – Aвансна исплата до 50 отсто од поддршката веднаш по потпишување на договорот
АгровестиФондови

ИПАРД 3 новини – Aвансна исплата до 50 отсто од поддршката веднаш по потпишување на договорот

Објавено 20/03/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерстсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) потсетува дека ИПАРД 3 нуди нови можности за македонското земјоделство. Една од новините предвидени со Програмата, како што информира, е авасна исплата до 50 отсто од финансиската поддршка, веднаш по потпишување на договорот.

-Тоа, низ пример, значи дека ако се конкурира со проект вреден 100 000 евра за мерка каде повратот на инвестицијата е 60 отсто, апликантот, преку авансното финансирање, со склучување на ИПАРД договорот ќе добие до 50 проценти од средствата или 30 000 евра однапред. Ова ќе биде големо олеснување за побрза раелизација на сите инвестиции и голема финансиска помош. Преку авансната исплата директно им помагаме на апликантите, кои сега ќе имаат на располагање дел од средствата однепред на самиот почекот од инвестицјата, без да треба да се задолжуваат кај банките, наведува МЗШВ.

Со новата ИПАРД 3 Програма се воведува и нов начин во обезбедувањето на потребната документација. Ќе се  користи електронски системи за набавка на документи од Централен регистар, одобренија за градба,…, со што ќе се поедностави, олесни и забрза процесот и ќе се намалат трошоците за корисниците.

-Прва земја во регионот сме која стартува со реализација на новата ИПАРД 3 програма. Вкупната вредност на новата ИПАРД 3 програма изнесува 97 милиони евра, европски неповратни средства наменети за модернизација и развој на македонското земјоделство. Првите 30 милиони евра веќе беа ставени на располагање за инвестиции со првиот јавен повик од ИПАРД 3 програмата за мерките 1 и 7. Мерката 1 од јавниот повик се однесува на инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства, а како приоритетни сектори се јавуваат растителното производство, сточарското производство, производството на риба, потоа преработка  и маркетинг на сопствено земјоделско производство на земјоделско стопанство и инвестиции во обновливи извори на енергија за сопствени потреби. Мерката 7 од јавниот повик се однесува на диверзификација на фарми и развој на бизниси, а како приоритетни сектори се јавуваат алтернативно земјоделско производство, преработка на алтернативни земјоделски производи, производство на прехранбени производи и пијалоци, производство на не-прехранбени производи, поддршка на занаетчиски активности, поддршка на услуги за рурално население, поддршка на услуги во земјоделство и поддршка на рурален туризам, нагласува МЗШВ.

За повеќе информации и комплетна подготовка на апликации јавете се на телефонскиот број
📞 070 267 789, 071 225 345 и 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]

Може да ви се допадне

Скопјани прават најмногу отпад: Македонското „малку ѓубре“ е сепак голем проблем
Продолжен рокот за државна поддршка и можност за граѓаните до 30.000 денари за приклучок или котел на гас
Во петок второ авионско прскање против комарци во Велес
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај
Без струја повеќе улици во Скопје
Таг:авансноагротимапликацииипардмзшвпроизводи
Претходен напис Лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори
Следен напис Времето денеска ќе биде сончево со студено утро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?