Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Инвестирајте преку ИПАРД за Мерка 7 – Расадник за одгледување на цвеќе и украсни растенија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Инвестирајте преку ИПАРД за Мерка 7 – Расадник за одгледување на цвеќе и украсни растенија
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОЈавни огласи и повици

Инвестирајте преку ИПАРД за Мерка 7 – Расадник за одгледување на цвеќе и украсни растенија

Објавено 02/06/2021
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со мерка 7 од ИПАРД програмата како Инвестиции во алтернативно земјоделско производство спаѓаат:

• Одгледување на печурки и тартуфи;
• Хортикултура (расадници и одгледување на цвеќе и цветни папки, украсни растенија, дрва);
• Производство на семенски и саден материјал;
• Одгледување на зајаци;
• Одгледување на полжави;
• Одгледување на птици за јајца и месо – патки, гуски, мисирки, тетреби, ноеви, емуа и бисерки;
• Одгледување на дивеч;
• Пчеларство;
• Одгледување на билки, семиња, и други зачински и ароматични растенија;
• Насади на дрвја (брзо растечки) за дрвена граѓа и био-маса;
• Рибници за производство на слатководна риба.

Може да се аплицира за неповратен грант од 65% за Расадник за одгледување на цвеќе и украсни растенија.

За ваквата инвестиција может да аплицираат физичко лице со место на живеење во рурална средина кое сака да започне да се занимава со одгледување на цвеќиња, цветни папки и други украсни растенија односно да инвестира во изградба и опремување на стакленик , пластеник и сл. каде што ќе ги одгледува на цвеќињата, цветните папки и украсните растенија.

Исто така можат да аплицираат и фирми односно Правни лица регистрирани во Централниот регистар во ранг на микро и мали претпријатија, а тоа значи да имаат помалку од 50 вработени и годишен приход (обрт) помал од 10 милиони евра.

Вкупната вредност на инвестицијата треба да биде поголема од 1500 евра, а максималната вредност на инвестицијата е до 1 000 000 евра.

Покрај тоа што може да се аплицира за подигнување на самиот пластеник или стакленик каде што ќе се одгледуваат растенијата , може да се аплицира и за набавка на нова земјоделска механизација и опрема која ќе служи за за алтернативно земјоделско производство, во конкретниот случај за одгледување на цвеќиња, цветни папки и други украсни растенија. На пример тоа можат да бидат: машини и опрема за подготовка на почва и садење( Mотокултиватори, опрема за садење и калемење, ротофрези, плугови, ротобрани, дискови брани,
редосеалки, ѓубрерастурачи за минерални ѓубрива, депозитори за семе и ѓубриво, култиватори, расадосадачки, опрема за рамнење, дупчалки за садење, кримлери/ сетвоспремачи, ѓубрерастурачи за арско ѓубре и др.) опрема за наводнување и одржување на растенијата (прскалки, атомизери, системи за наводнување капка по капка, опрема за наводнување (субиригација), микро-прскалки и опрема за наводнување со замаглување , опрема за дистрибуција на вода, опрема за наводнување со ѓубрење ,опрема за автоматско дозирање на вода за наводнување), опрема за контрола и заштита (Опрема за надворешно и внатрешно мерење на температура, влага во почва,
влажност на воздух, стерилизација на почва испитување на почва и сл).

Документи кои се потребни за аплицирање за ваков вид на инвестиција се:

  1. Барање за користење на средства комплетно пополнето ( кое ќе Ви помогне да го пополните консултантска куќа или сами)
  2. Фотокопија од важечка лична карта или пасош
  3. Изјава дека на крајот од инвестицијата барателот (физичкото лице) ќе се регистрира како правен субјект во согласност со дејноста (одгледување на цвеќе, цветни папки и украсни растенија,).
  4. Диплома или сертификат за завршен курс/обука соодветната област за одгледување на цвеќе и цветни папки, украсни растенија, или изјава дека до крајот на инвестицијата ќе помине таква обука
  5. Уверение за платени даноци и придонеси од УЈП
  6. Потврда од локалната самоуправа – Општината, дека инвестицијата е во согласност со стратегијата за локален економски развој
  7. Имотен лист од земјиштето/ парцелата каде што ќе биде подигат пластеикот или стакленикот
  8. Доколку земјиштето е во државна сопственост потребно  е и договор за концесија, не пократок од  10 години од денот на аплицирањето т.е.најдобро е да се биде договорот на 15 години и тој договор да биде прибележан во имотниот лист.
  9. Поднесено барање за издавање елаборат за заштита на животната средина од Министерство за животна средина.
  10. Една понуда од добавувач до 10 000 еур со детална спецификација и изјава за земја на потекло. (опремата која се набавува мора да биде нова и неупотребувана ), доколу вреноста по ставка надминува 10 000 еур потребно е да се достават 3 понуди со детална техничка спецификација и земја на потекло. (прифатливи се и општите трошоци кои се направени за подготовка на целокупната документација за аплицирањето).
  11. Договор за општи трошоци
  12. Фактура за општите трошоци (доколку се направени)
  13. Одобрение за градба или изјава дека ќе се достави одобрение за градба за рок не подолг од 1 година од денот на поднесување на барањето
  14. КОПИИ ИЛИ ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА (ЦД) ОД ОСНОВНИТЕ ТЕХНИЧКИ ЦРТЕЖИ И ПРЕДМЕР – ПРЕСМЕТКА ОД РЕВИДИРАНА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
  15. ДЕЛОВЕН ПЛАН (го изработува консултантска куќа)
  16. ДОГОВОР ЗА СОБИРАЊЕ НА ОСНОВЕН МАТЕРИЈАЛ ПОМЕЃУ БАРАТЕЛОТ И ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ НАЦИОНАЛНИ ШУМИ. Забелешка: Овој документ се доставува во случај на инвестиции во одгледува-ње на шумски и декоративни растенија и дрва и доколку барателот не посе-дува сопствен основен материјал.
  • ПОТВРДА ЗА РЕГИСТРИРАН ПРОИЗВОДИТЕЛ НА СЕМЕ ИЛИ САДЕН МАТЕРИЈАЛ
  • ПОТВРДА ЗА РЕГИСТРИРАН ПРОИЗВОДИТЕЛ ВО РЕГИСТЕРОТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛИ И ТРГОВЦИ СО РЕПРОДУКТИВЕН МАТЕРИЈАЛ ЗА ШУМСКИ ДРВА
  • ПОТВРДА ДЕКА ОСНОВНИОТ МАТЕРИЈАЛЕ Е ОДOБРЕН ОД МЗШВ

Напомена: Документита означени под последните три точки АГЕНЦИЈАТА ГИ ПРИБАВУВА ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ.

Целокупната документација се става во затворн плик и се испраќа до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Ул. 3 та Македонска Бригада бр 20 ( зграда на Македонија Табак блок Ц) 1000 Скопје со назнака “Не отворај”  по јавен оглас бр. __ и мерката за која се бараат средства.

По разгледувањето на барањето од страна на АФПЗРР и конечно одобрување на бараните средства барателот потпишува договор со АФПЗРР за реализација на инвестицијат и од овој момент може да се почне со купување на опремата т.е. со сопствени средства може да ја набави опремата која треба да се плати преку банка со повикување по број на фактура на образец ПП30(црвен).

После реализацијата односно од кога ќе биде отворен старечкиот дом, во нашиот случај се поднесува барање за исплата и средствата кои се инвестирале се враќаат 65% односно доколку инвестицијата изнесувала 25 000евра, средства кои ќе му бидат доделени на барателот се 16 250 евра кои преставуваат неповратен грант.

Барателот е должен оваа инвестиција да ја чува и да не ја отуѓува во наредните 5 години.

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
ЈАВЕН ПОВИК 04/26: Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26: Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе
Таг:инвестицијаИпардпредлог бизнисрасадник
Претходен напис До сабота сончево и топло, од недела дожд
Следен напис Водата во Дојранското Езеро безбедна за капење и рекреација
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?