Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Интервју со сточарот Мачевски: Сите се откажуваат, ние го зголемуваме стадото,околу 20.000 евра годишно ми се чисти од кравите, а 200 евра од секоја овца
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Интервју со сточарот Мачевски: Сите се откажуваат, ние го зголемуваме стадото,околу 20.000 евра годишно ми се чисти од кравите, а 200 евра од секоја овца
Сточарско производство

Интервју со сточарот Мачевски: Сите се откажуваат, ние го зголемуваме стадото,околу 20.000 евра годишно ми се чисти од кравите, а 200 евра од секоја овца

Објавено 25/08/2024
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Беровeцот Александар Мачевски со сточарство се занимава практично од дете, неговиот дедо започнал да чува овци, продолжил неговиот татко, а сега и тој се занимава со оваа гранка, која како што вели, е многу тешка, но и многу исплатлива. За него не постои друга професија освен оваа, бидејќи и да оди во странство, нема да ги заработи тие пари што ги заработува тука. Затоа сè што има и време и ресурси вложува во нивниот бизнис.

„Има и недостатоци, големи трошоци, мора постојано да си стоката, ден и ноќ, цело време во годината, постојано си зафатен, но имаме двајца и вработени, работиме целото семејство, со татко ми, брат ми и сопругата, се грижиме за добитокот, правиме млеко сирење, има работа, но има и корист“, вели Мачевски за Агротим.

Иако имало и период кога им било тешко, две години останале без крави, кризата во 2006 година, но сето тоа се надминало и сега работата им оди добро, а планираат и проширување на стадата.

Покрај јагниња и телиња, продаваат и млечни производи, прават преку 1,400 канти овчо сирење годишно, како и „буламач“, производ од овчо млеко што е специјалитет на Малешевијата.

АГРОТИМ: Да се биде сточар не е лесно и се помалку земјоделци се одлучува да чуваат добиток но за вас тоа е единствената професија и не работите ништо друго. Како започнавте да се занимавате со сточарство? Од кога?

Веднаш штом завршив средно училиште започнав да го работам ова. Наследено ми е од дедо ми, татко ми, а сега и јас и брат ми. Отворивме и фирма, „Мачевските деца“ и целото семејство сме посветени на оваа работа. Почнавме со 10 крави и 50 овци, сега имаме 70 крави и 300 овци. Иако во последните години во целиот регион е намален за три пати бројот на добитокот, ние ги зголемивме нашите стада, и овците и кравите. Чувавме и свињи, но поради свинската чума што го зафати регионот пред две години, останавме без нив. Работниците ни помагаат, и за нив добро и за нас. Тие имаат работа, ние имаме кој да нè замени и да одмориме малку.

АГРОТИМ: Се исплати ли работата? Голем дел од сточарите веќе се откажаа од сточарството. Повеќето веруваат дека е многу тешко и неисплатливо да се чуваат овци и крави?

Овде има 450 овци во моментот, трипати помалку од претходно, многумина се откажаа, но за нас се исплати, ние сме задоволни. Околу 20.000 евра годишно ми се чисти од кравите, а 200 евра годишно ми се чисти од секоја овца. Јагнињата првиот род во февруари го продадовме по 240 денари килограм, сега по 220, но и тоа е добро.

Земаме и субвенци за нив, пријавуваме се што имаме помагаат и тие пари. Добро одат и млечните производи што ги продаваме. Имаме купувачи од секаде, дел продаваме и на локален пазар, по рестораните наоколу и слично. Имаме и големи трошоци, за храна за животните, за вакцини, плата за работниците, но сето тоа е за да биде подобро и полесно за сите.

АГРОТИМ: Има ли пласман за јагнињата, дали откупот е редовен?

Да, имаме редовни купувачи, фирми ги земаат сите јагниња. Годинава на 300 овци продадовме 390 јагниња. Овде откупуваат Оаза и Стокопром. Со кравите исто добро поминавме. Ги чуваме за телиња. Ние одиме по принципот крава – теле. Цената на телешкото месо годинава беше 210 денари за кило, цена за која сме благодарни, а за кравите земаме и субвенции.

АГРОТИМ: Со какви предизвици се соочуваат сточарите? Што ви е потребно за подобро да напредувате?

Секако дека има. Овде немаме каде да ги пасеме кравите. Иако плаќаме на државата за испаша, сепак добитокот ни пасе по приватни ливади. Ако може тука некако да се заангажираат надлежните и да ни помогнат околу површините за испаша. И многу ни е важно да ни се помогне во борбата со болестите за добитокот, чумите што ги зафаќаат и кравите и овците. Ни треба и стручна и секаква помош да не се случи да ни земаат и здравите грла. Не сакаме да се случи тоа што се случи со свињите. Секаква стручна помош и интервенирање на терен за нас е помош околу справување со болестите.

Во иднина Мачевски планира да го зголеми своето стадо и да продолжи да работи со сточарство. За него ова е единствена опција, бидејќи како што вели долго време работеле за да стигнат до ова што го имаат денес.

Анета Тасова

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Мечка нападнала стадо со овци во атарот на село Крклино, информирани се институциите, се чека реакција
СКСМ: Признание за Пленковиќ и Мицкоски од претседателот Азески
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Таг:бизнисевраекономијајагнињакравиовципаристадосточарсубвенции
Претходен напис (ВИДЕО) Гори фабриката за преработка на млеко во тетовско Камењане
Следен напис Температури до 36 степени, попладне пороен дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?