Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Интервју со Горан Балески: Експертската соработка која отвори нови хоризонти за земјоделството во регионот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Интервју со Горан Балески: Експертската соработка која отвори нови хоризонти за земјоделството во регионот
АгровестиИнтервју

Интервју со Горан Балески: Експертската соработка која отвори нови хоризонти за земјоделството во регионот

Објавено 01/10/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Имавме можност да поразговараме со младиот агроном Горан Балески, кој сподели детали за својата соработка со меѓународниот консултант Сердар Кајнар, агроном-експерт во областа на земјоделските технологии. Според Балески, оваа соработка е исклучително продуктивна и важна за иднината на земјоделството во регионот.

„Искуството кое го стекнавме е навистина непроценливо. Иако калинката долго време се одгледува во нашиот регион, ние сѐ уште не бевме запознаени со најновите технологии за нејзино одгледување. Благодарение на Сердар, откривме проблеми за кои дури и не бевме свесни, како одредени болести и штетници кои влијаат на квалитетот на насадите. Она што го научивме за толку краток период, во наши услови не би можеле да го стекнеме ни за дваесет години“, вели Горан.

Широката експертиза на Сердар – Повеќе од калинки

„Интересно е што Сердар не е само експерт за калинки, туку и за маслинки, цитруси а има и доста познавање за јаткасти плодови како бадемот. Неговата експертиза ни помогна не само во одгледувањето на калинки, туку и во подобрувањето на техниките за одгледување на другите земјоделски култури“, продолжува Балески. Преку неговата помош, земјоделците од регионот научија како правилно да ги спроведуваат агротехничките мерки, што досега било недостаток во нивната пракса.

Нови техники и технологии – Ефикасно управување со земјоделските насади

Една од најзначајните придобивки од обуките со Сердар е практичната примена на новите техники за одгледување. „Научивме како правилно да наводнуваме, кога и како да ги кроиме овошките, како да ги заштитиме од болести и штетници навремено. Особено важни беа превентивните мерки кои ни овозможуваат да го намалиме користењето на средствата за заштита“, истакнува Балески.

Преку обуките, земјоделците научија и за различните видови ѓубрива, кои помагаат за подобрување на растот и плодноста на калинките. Исто така, беа запознаени со најновите методи на одгледување како и најдобрите методи за складирање и пакување на калинките, за да се зачува нивната свежина и квалитет.

Идни чекори: Примена на новото знаење

На прашањето како ќе го применат стекнатото знаење, Балески истакнува дека е важно тоа да се спроведе не само на нивните насади, туку и во целиот регион. „Не е доволно само неколкумина да го знаат ова. За да постигнеме промена, потребно е знаењето да го споделиме со сите земјоделци во регионот. Меѓутоа, постои предизвик – повозрасните генерации потешко прифаќаат нови технологии и методи.“

Привлекување на младите во земјоделството

Еден од клучните проблеми кои Балески ги посочува е недоволната ангажираност на младите во земјоделскиот сектор. „Можеби причина за ова е ниската профитабилност. Сепак, со новите знаења и техники, можеме да ја зголемиме продуктивноста и да ја направиме земјоделската работа поатрактивна за младите“, додава тој.

Мост меѓу генерациите

Балески верува дека најдобриот начин да се премости јазот меѓу младите и постарите генерации е преку практични примери. „Насадите кои ги посетивме за време на обуката се одличен пример како може да се зголеми продуктивноста. Кога некој ќе види дека е можно да произведе пет тони од декар, наместо два, ќе биде мотивиран да ги примени новите техники. Верувам дека позитивните примери ќе ја поттикнат промената.“

Влијанието врз производството на калинка

Консултантската поддршка на Сердар веќе носи резултати. „Преку новите методи на примена на заштитните средства и ѓубривата, правиме значителни заштеди. Претходно, стававме повеќе од потребното, што само го зголемуваше трошокот на производството. Сега, со подобра ефикасност, профитабилноста ќе се зголеми“, вели Балески.

На крајот, Горан истакна дека следниот чекор е зголемување на производството и преминување на нови сорти калинки, кои ќе бидат погодни за транспорт и извоз. „Со промените што ги воведуваме, верувам дека ќе станеме поконкурентни на пазарот и дека иднината на производството на калинка во регионот е светла“, заклучува тој.

Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ обезбедува сеопфатна поддршка за зголемување и модернизирање на продизводството на калинка и преработки од калинка во валандовско-гевгелискиот регион.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:Горан БалескиЕкспертската соработказемјоделствотохоризонти
Претходен напис Од четврток дожд, грмежи и ветер
Следен напис Бројот на работниците во индустријата од јануари до август зголемен за 1.4 отсто
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?