Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Интернетот корисна алатка која делчевските земјоделци ја користат за подобар пласман на производите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Интернетот корисна алатка која делчевските земјоделци ја користат за подобар пласман на производите
Агровести

Интернетот корисна алатка која делчевските земјоделци ја користат за подобар пласман на производите

Објавено 07/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Делчевските земјоделци сѐ почесто го користат интернетот како алатка за полесен пласман на своите производи. Во однос на големиот број информации при набавка на суровините, интернетот исто така игра голема улога, а со лажните вести, како што вели за МИА Кирчо Јанковски, млад производител на вино од село Драмче, се справуваат на тој начин што ги следат оценките на повеќето купувачи по што формираат сопствена информација од каде да набават одреден производ, а притоа да не бидат оштетени.

Фото/МИА

-Интернетот ни олеснува многу, бидејки за кратко време за суровини што имаме потреба да купиме, ги отвораме цените, во коментари гледаме дали се задоволни останатите клиенти кои купиле. На тој начин доколку оценката е добра, добиваме комплетна информација дали да го купиме тој производ, вели Јанковски.

Фото/МИА

Младиот винар најчесто се информира преку електронските медиуми, а редовно добива информации и од класичните медиуми, особено за некои мерки кои се наменети за поддршка на земјоделците.

-Иако следиме и телевизија и радио, на социјалните мрежи информациите во тој поглед се доста брзи. Барем лично за мене можам да кажам дека на време сум информиран кога има некој повик за одредена мерка, за која можам да аплицирам, кога има субвенции и слично, додава локалниот производител на вино.

За квалитетот на неговото вино, неретко имаат прилика да се уверат и бугарските државјани, кои се чести гости на пазарот во Делчево. Давајќи задоволителна оценка за квалитетот, тие посочија дека ќе го препорачаат и на други луѓе од соседството.

Може да ви се допадне

ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Таг:алаткаделчевските земјоделциИнтернетот
Претходен напис Влада: Следат нови мерки за зачувување на животниот стандард на граѓаните
Следен напис ФАО: Цените на храната во февруари зголемени за речиси една четвртина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?