Еве неколку факти кои можеби ќе го променат вашиот начин на размислување за црното вино.
–Пиењето на црно вино во мали количини е подобро отколку воопшто да не пиете!
Тоа би можело да звучи малку чудно, но неколку испитувања направени кај луѓето покажале дека умерената консумација на црното вино има подобро влијание врз човековото здравје отколку воопшто да не се пие. Тоа е така бидејќи, антиоксидансите пронајдени во црното вино ја намалуваат можноста за кардиоваскуларни болести и дијабетес тип 2.
–Подобри се младите црни вина отколку старите!
Со години се зборувало дека старите вина се најдобри вина. Некои вина имаат подобар вкус кога се добро одлежани, но што се однесува до здравствените аспекти на виното, старото вино и не е така здраво. Младите црни вина содржат повеќе танин од било кој друг вид на вино.
–Колку повеќе стареат, црвените вина добиваат посветла боја!
Бојата станува помалку интензивна како што старее виното. Вината кои се многу стари се бледи и провидни.
–Од грозјето за црно вино, може да се направи бело вино!
Бидејќи бојата на виното доаѓа од лушпата на грозјето (а не од сокот), од црвеното грозје може да се направи бело вино. Таквото вино се прави без контакт со лушпите од грозје.
Извор: Агросавјет
