Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Инспектори од Град Скопје затекнале лица кои создавале депонија на приватен имот и ја палеле, ќе поднесат кривични пријави
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Инспектори од Град Скопје затекнале лица кои создавале депонија на приватен имот и ја палеле, ќе поднесат кривични пријави
Агровести

Инспектори од Град Скопје затекнале лица кои создавале депонија на приватен имот и ја палеле, ќе поднесат кривични пријави

Објавено 17/10/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Инспекторите за животна средина на Град Скопје денеска затекнаа и евидентираа лица во тек на исфрлање големи количини отпад, креирање дива депонија на приватен имот и нејзино палење, на територијата на општина Бутел, каде е затекнато огромна количина на отпад од метал, пластика и градежен шут, информираат од Град Скопје.

Оттаму велат дека за извршено кривично дело од страна на лицата С.М жител на општина Бутел и М.Д. државјанин на Косово, согласно членот 218 на Кривичниот законик, ќе поднесе кривична пријава за предизвикување значително оштетување на квалитетот на воздухот, водата и почвата, односно опасност за животот и здравјето на луѓето, дело казниво со затвор од четири до десет години.

-На територијата на Скопје има вкупно 14 институции кои што во вакви ситуации имаат надлежност и обврска да постапуваат. Но, се досега единствено градот Скопје реагира, додека останатите не постапуваат иако за истото имаат законска обврска. За време на викендот инспекторите за животна средина на градот Скопје и комуналните инспектори имаат санкционирано со изречени казни над 20 сторители, се вели во денешното соопштение.

Од Градот Скопје потсетуваат дека годинава поднеле повеќе кривични пријави за исфрлање на опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад како случајот во општина Бутел каде затекнати лица истураа неколку тони отпад меѓу кои и опасен канцероген отпад во зелен појас со што се нагрдува градот и доведува во опасност на животот и здравјето на скопјани.

Апелираат до Владата на овој проблем да му пристапи сериозно, да реагира на пријавите на градот Скопје за поажурно контролирање на нелегалното исфрлање на отпад низ градот што е казниво и според Кривичниот законик, но и едновремено да ги ангажира и останатите надлежни институции, да започнат да постапуваат за детекција и санкционирање на сторителите. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Град Скопједепонијаинспекторипријави
Претходен напис Овој бизнис цвета во Србија: Државата дава пари за почеток, има откуп, а профитот по хектар е огромен
Следен напис Управа за финансиско разузнавање: Внимавајте на фиктивни инвестициски платформи кои нудат брза заработка и вложувања во крипто-средства
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?