Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Иновативен околувратник за добиток кој предупредува на напад и ги брка волците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Иновативен околувратник за добиток кој предупредува на напад и ги брка волците
Сточарско производство

Иновативен околувратник за добиток кој предупредува на напад и ги брка волците

Последна измена: 16/01/2023 12:46
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Нападите на волци секоја година предизвикуваат милиони штети кај добитокот во Шпанија, особено во оддалечените планински области. Сточарите во екстензивно одгледување бараат решенија за да ги заштитат своите животни.

Едно од нив би можел да биде околувратникот кој ќе им овозможи на фармерите да го следат добитокот. Околувратникот, кој моментално е прототип, може да помогне во откривање и спречување на напади од волци, пишува на својата веб-страница Европското партнерство за иновации во земјоделството (EIP-AGRI).

Седум фарми во Мадрид, Кастиља и Леон и Галиција, кои често беа изложени на напади од волци, го тестираа иновативниот околувратник кој работи како GPS уред за следење. Тие, исто така, тестирале друг систем кој испраќа предупредување до мобилниот телефон на фармерот кога се менува однесувањето на животното, температурата или отчукувањата на срцето, што може да укаже на напад.

„Бидејќи нашите животни пасат во планините, може да биде потребно премногу време додека не реагираме. Затоа ја испробавме опцијата за активирање на ЛЕД диоди или звуци кои можат да ги избркаат волците без да го вознемируваат добитокот. Најдобри резултати покажал звукот на лаење на кучиња мастиф, но ни треба дополнително истражување за да го претвориме прототипот во пазарен производ“, изјави водачот на проектот Пола Санчез.

Технологијата за GPS следење била добро прифатена од повеќе од 800 фармери, вклучително и многу млади сточари. Тие присуствувале на информативни состаноци и го тестирале околувратникот за подобро управување со добитокот на испаша. Бидејќи, како што велат иноваторите, информациите за тоа каде се животните и каде претпочитаат да пасат заштедува време, овозможува подобро искористување на пасиштата и ја подобрува продуктивноста.

На проектот работеле Оперативната група GELOB во соработка со Синдикатот на мали фармери и сточари (UPA), Универзитетот Реј Хуан Карлос во Мадрид, технолошката компанија Дигитанимал и други експерти.

Може да ви се допадне

Aberdeen-angus, раса на говеда со црна боја
(ВИДЕО) Илиевски : Задоволни сме од производството, со напорна и сложна работа, успехот е загарантиран!
Одлука за 50% од јагнињата во кланица – сточарите се жалат: Негативно влијае на бројот на стада
Исмаил Текешаноски од Канатларци: Со оваа мизерна цена на јагнето, една овца нема да остане
На сточарите им треба земја за производство на добиточна храна, очекуваат повици наменети за нив
Таг:digitanimalGPSоколувратник
Претходен напис Од полноќ поскапуваат горивата
Следен напис Исхрана на крави со различна млечност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?