Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Можности за употреба на нови технологии и дигитализација во лозарството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Можности за употреба на нови технологии и дигитализација во лозарството
Агровести

Можности за употреба на нови технологии и дигитализација во лозарството

Објавено 14/04/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Зголемен квалитет и продуктивност, автоматизирање на повторувачки задачи, намалување на отпад, податоци за состојбата на почвата, здравјето на лозата и присуството на штетници се само дел од бројните придобивки на користење роботи во земјоделството, за кои македонските одгледувачи на лозје ќе имаат прилика да научат утре, за време на демонстрацијата на управување со универзалниот земјоделски робот – AgAR, која ќе се одржи во Винарија Камник – Скопје.

Универзалниот земјоделски робот – AgAR е дизајниран да може да ги извршува речиси сите
земјоделски работи, почнувајќи од орање, садење, прскање, наводнување, па сѐ до берење. Опремен
со софтвер за далечинско управување, движење по предодреден пат и автономна навигација со
сензори за избегнување на пречки, роботот претставува идеален земјоделски помошник.
„Роботот AgAR базиран на вештачка интелигенција е проект меѓу српската компанија COMING –
Computer Engineering и Машинскиот Факултет при Универзитетот во Ниш. Ова е одличен модел
кој покажува како академијата и индустријата можат ефективно да соработуваат. Сега
иновираме со додаток – роботска рака за берење грозје. Не верувам дека вештачката
интелигенција некогаш ќе ги замени луѓето во овој поглед, бидејќи сортата „Прокупец“ е тешка
за берење дури и од самите луѓе“. – посочи професорот Баниќ од Универзитетот во Ниш на
неодамнешна конференција во Скопје.

AgAR има за цел да ја зголеми земјоделската продукција и да ги намали оперативните трошоци,
насочувајќи се кон средни и поголеми производители. Прецизната работа го оптимизира користењето
на ресурсите како вода и средства за заштита, намалувајќи го штетното влијанието врз животната
средина и промовирајќи одржливост. Покрај роботот, на настанот ќе биде презентирана и Winessense
платформата за управување со лозови насади, која со помош на напредни сензори поставени низ
лозјата, прибира информации за состојбата на почвата, здравјето на лозата, временските услови и
активноста на штетниците.

На настанот се очекува присуство на претставници од Министерство за земјоделство, шумарство и
водостопанство, Факултет за земјоделски науки и храна, Земјоделски Институт, македонски винарии и
други претставници на приватниот сектор.

Демонстрацијатата е овозможена и фасилитирана од Швајцарската Програма за зголемување на
пазарната вработливост – ИМЕ, во насока на унапредување на процесот на дигитализација и
модернизирање на секторот одржлив агрибизнис.


Швајцарија е искрен и сигурен партнер на Северна Македонија од 1992 година. Дипломатските односи помеѓу двете држави се воспоставени во 1994 година, а од 1996 година започнува Швајцарската програма за развој и соработка во земјата. Од тогаш Швајцарија има инвестирано околу 350 милиони швајцарски франци, еден од најголемите билатерални донатори во земјата, да ги поддржи одржливиот економски раст, заштитата на природата и одржливо управување со природните ресурси, и доброто
демократско владеење во државата.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Камниклозарствопроект
Претходен напис Демир Капија ги повика земјоделците да пријават штети од ниски утрински пролетни температури 
Следен напис Најскапиот сладолед на светот чини речиси 7.000 долари по топка, додека цела порција чини 15.000 долари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?