Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ИНОФЕИТ ЕДИХ и Швајцарската Програма ИМЕ потпишаа Меморандум за соработка за дигитална трансформација на МСП
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ИНОФЕИТ ЕДИХ и Швајцарската Програма ИМЕ потпишаа Меморандум за соработка за дигитална трансформација на МСП
Агровести

ИНОФЕИТ ЕДИХ и Швајцарската Програма ИМЕ потпишаа Меморандум за соработка за дигитална трансформација на МСП

Објавено 11/02/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ, координатор на Европскиот дигитален иновациски хаб ИНОФЕИТ ЕДИХ и Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на дигиталната трансформација на микро, мали и средни претпријатија (МСП) во Република Северна Македонија.

Со овој Меморандум се воспоставува рамка за активности кои ќе им помогнат на компаниите да станат поконкурентни, поиновативни и поефикасни преку тестирање пред инвестирање, обуки и развој на дигитални вештини, пристап до финансии и вмрежување во севкупниот иновациски еко-систем.

На овој начин ќе се поддржат компании кои сакаат да го унапредат своето знаење и преку дигитализација и иновации да применат нови технологии и да ја зголемат профитабилноста, особено оние кои придонесуваат за одржливост на животната средина и целите на Европскиот Зелен Договор.

„Нашата цел е да создадеме услови каде компаниите ќе можат да експериментираат, да учат и да растат преку дигитализација и иновации,“ изјави Димитар Ташковски, директор на ИНОФЕИТ ЕДИХ. „Со оваа соработка, отвораме нови можности за развој на решенија кои придонесуваат за одржливост и конкурентност.“

ИНОФЕИТ ЕДИХ ќе ја предводи соработката преку организација на настани и работилници за зелена и дигитална трансформација, како и преку спроведување обуки и тренинзи за развој на дигитални вештини и компетенции. Дополнително, ќе обезбедува услуги, опрема и инфраструктура за концептот „Test Before Invest“ за МСП, ќе поддржува пристап до финансии преку поврзување со релевантни институции и програми, и ќе овозможува вмрежување на компании со академски и индустриски партнери за развој на иновативни решенија.

Швајцарската Програма ИМЕ ќе ја надополни оваа рамка преку пренесување на потребите за дигитализација во секторите одржлив агробизнис и одржлив туризам, со посебен фокус на паметно земјоделство и преработка на храна со повисока додадена вредност, како и на одржлив туризам. ИМЕ ќе ги поврзува компаниите од овие сектори со ИНОФЕИТ ЕДИХ и ќе идентификува заеднички активности за развивање дигитални решенија за нивните предизвици.

Горан Дамовски, директор на Шваjцарската Програма ИМЕ истакна дека: „Агробизнисот и туризмот се два клучни сектори за економијата. Во партнерство, ќе им помогнеме на   компаниите да воведат нови дигитални решенија кои ќе им помогнат да ги унапредат процесите, надминат предизвиците и да создадат нова додадена вредност за купувачите.“

Соработката продолжува со развивање на две пилот платформи кои ја демонстрираат практичната примена на дигитализацијата. Во секторот одржлив агробизнис, преку воведување на систем за контрола на квалитет за здружението на производители и извозници на свежо овошје и зеленчук МАКФРЕШ, кој ќе овозможи следливост на производите, како и во секторот одржлив туризам прекуимплементирање на платформа за лојалност во партнерство со приватните бизниси и Општина Крушево, која ќе поттикне редовно пријавување на туристите и плаќање на туристичка такса и ќе придонесе за развојот на одржливиот туризам.

Ваквите иницијативи претставуваат чекор напред во пошироката визија за дигитална трансформација, каде технологијата не е само алатка, туку двигател на економски раст и одржлив развој.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:ИНОФЕИТ ЕДИХмеморандумМСПШвајцарската Програма ИМЕ
Претходен напис АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки
Следен напис Од почетокот на следната недела заладување и врнежи од снег на повисоките места
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?