И покрај велигденските празници, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството продолжи со реализација на информативно-едукативните средби во населените места во руралните средини, како дел од програмските теренски активности на АПРЗ.
Во изминатата седмица, во периодот од 06-ти април до 09-ти април реализирани се едукативни средби во следните населени места:
Пелагониски регион: Бистрица, Болно, Големо Коњари, Норово, Свето Митрани, Вирово, Жван.
Вардарски регион: Бегниште, Долни Дисан, Дорфулија, Возарци, Голозинци, Каратманово, Дреново, Мамутчево, Лозово, Ресава.
Источен регион: Драгоево, Двориште, Панчарево, Селце.
Југозападен регион: Грешница, Мислешево, Мороишта, Октиси.
Скопски Регион: Добридол, Огњанци.
Југоисточен регион: Гечерлија, Калково, Марвинци, Покрачево, Прдејци, Злеово.
Североисточен регион: Луке, Матејче, Опила, Ранковце, Узем.
Полошки регион: Форино, Копанце.
На овие средби на присутните им беа презентирани дел од мерките од Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, но се разговараше и на стручни теми во зависност од локацијата, производството, актуелните земјоделски активности, како потребите и интересот на земјоделските производители. Овие средби се интерактивни, такашто сите присутни имаат можност да разговараат, да разменуваат идеи и мислења, да дискутираат за применливите земјоделски практики и актуелностите во земјоделството.










