Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Инфо ден на АГРОТИМ: Мерката „Рурална жена“ претставена пред земјоделците во Неготино
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Инфо ден на АГРОТИМ: Мерката „Рурална жена“ претставена пред земјоделците во Неготино
Агровести

Инфо ден на АГРОТИМ: Мерката „Рурална жена“ претставена пред земјоделците во Неготино

Последна измена: 16/12/2019 18:00
Сподели
5 мин. за читање
Сподели

Најновата мерка на Владата  „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“ или популарно наречена „Рурална жена“ со која се добива грант од 3000 евра наиде на голем интерес кај земјоделците во државата.

Денеска во просториите на Општина Неготино се одржа инфо ден во организација на Платформата за информации од агрокомплексот и агроберза – АГРОТИМ.

На присутните земјоделки и земјоделци од неготинско, за условите и критериумите при аплицирање за мерката, зборуваа претставниците од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Најчестите прашања до претставниците на институциите беа за прифатливите трошоци и за начинот на аплицирање, кои документи се потребни.

Прифатливи трошоци за финансирање се:

  • Набавка на опрема за преработка и/или доработка на примарни земјоделски производи поврзани со видот на инвестицијата;
  • Набавка на опрема за постбербени активности, преработка на фарма и директен маркетинг на фарма;
  • Опрема за прием, собирање и чување;
  • Опрема за подготовка за сортирање, чистење, миење, сушење и дезинфекција;
  • Обложување со восок, сортирање, калибрирање, отстранување на оштетени плодови, детектирање на метал и стакло или други цврсти материјали;
  • Опрема за предладење, ладење и замрзнување;
  • Опрема за сечење, мелење и останата опрема за преработка;
  • Опрема за филтрација, де-аерација, ферментација, стабилизација, сепарација, хомогенизација, пастеризација и стерилизација;
  • Резервоари танкови;
  • Опрема за конзервирање, сушење, десикација, замрзнување;
  • Опрема за флаширање, полнење, пакување и означување/етикетирање;
  • Зашеметување, искрварување, опрема за горење и опрема за отстранување на внатрешни органи;
  • Опрема за сечење и откостување;
  • Лабораториска опрема и апарати за анализа на производот;
  • Опрема за манипулација, утовар и истовар, виљушкари , транспорт–приколки, ладилници палети, приклучни возила за ладење, подвижни ленти, опрема за мерење и квалитет;
  • Опрема за следење на квалитетот, контрола системи со следливост на прием на производ, складирање и дистрибуција;
  • Третман на отпад, валоризација, опрема за ракување и складирање;
  • CIP опрема (Clean In Place);
  • Опрема за подобрување на стандардите за благосостојба на животните, како што се редовен пристап за обезбедување на свежа вода, храна, сместување на животните пред колење;
  • Оперативни трошоци за маркетинг на преработки од примарни земјоделски производи;
  • Набавка на потрошен материјал поврзан со инвестицијата и кој е создаден во рамките на реализација на деловниот план (амбалажа, печатени материјали, изработка на логоа, декларација и сл.)

Трошоците од инвестицијата не смее да се финансирани од друг извор на финансирање (забрана за двојно финансирање) – беше потенцирано на средбата.

Што се однесува до потребните документи за аплицирање, советниците велат дека не се комплицирани и може да се подготват:

  1. Барање за финансиска поддршка генерирано преку системот за електронско поднесување на барање на e-baranje.ipardpa.gov.mk за мерка 115 (барањето треба да се испечати и да биде своерачно потпишано од страна на поднесувачот на барањето)
  2. Понуди/профактури со детална техничка спецификација за производите за кои се бара финансиска поддршка (оригинал со потпис и печат).
    Понудите од странство треба да бидат преведени на Македонски јазик заверени од овластен судски преведувач)
  3. Деловен план – изготвен согласно Упатството за изготвување на деловен план
  4. Решение за упис во Единствениот регистар на земјоделски стопанства
  5. Годишна даночна пријава (УЈП)
  6. Потврда од Министерство за труд и социјална политика за социјален статус – самохран родител
  7. Потврда од Фондот за инвалидско и пензиско осигурување за лица регистрирани како индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување

Сите баратели потребно е да се регистрираат во системот за електронско аплицирање. Деталниот опис на постапката за регистрација се наоѓа во „Упатство за регистрација“. Регистрацијата е еднократна, а добиеното корисничко име се користи за поднесување на сите идни барања за финансиска поддршка како и барања за исплата на средства.

На средбата земјоделците посочија дека се потребни почести средби со вработените од институциите а исто така очекуваат и лично да бидат информирани од надлежните институции кога Владата носи мерки што можат да им го модернизираат производството.

Рокот за поднесување на апликациите е до 26 декември, оваа година.

Може да ви се допадне

Димитриеска-Кочоска на средба во СКСМ – Намалуваме царини на 70 производи, ќе се зголеми производството и извозот
Зголемен извоз на земјоделски производи за пет отсто, Владата најавува натамошна поддршка
АФПЗРР на 63-та конференција Pantha Rhei
Просечната нето плата во март 44 763  денари
Потпишување на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
Таг:агротимземјоделциинфо деннеготинорурална жена
Претходен напис Дали Европа ќе стане првиот климатски неутрален континент до 2050 година?
Следен напис Јавен ОГЛАС бр.03/19 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари во Свети Николе
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?