Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Индустриското производство во јули зголемено за 3.8 отсто на годишно ниво
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Индустриското производство во јули зголемено за 3.8 отсто на годишно ниво
Агровести

Индустриското производство во јули зголемено за 3.8 отсто на годишно ниво

Објавено 30/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Индустриското производство во јули годинава, во однос на јули минатата година е зголемено за 3.8 отсто,  додека во периодот јануари – јули годинава, во однос на истиот период лани е намалено за 3,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи пораст од 14.9  проценти, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3.8 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,1  процент.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на хартија и производи од хартија, Печатење и продукција на снимени медиуми (записи), Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на електрична опрема, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 2.8 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.4 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 33.2  проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 24 проценти, додека бележи опаѓање кај Капитални производи за 20.1  процент. 

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:3.8 отстозголеменоИндустриското производствојули
Претходен напис Четири пожари на отворено до 14 часот, два се уште активни
Следен напис Трипуновски: Поделени 493 милиони денари за зелена нафта, оваа мерка од наредната година ќе претрпи измени за да биде поефективна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?