Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Индија со рекордни 1.4 милиони тони извоз на пченица во април
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Индија со рекордни 1.4 милиони тони извоз на пченица во април
Агровести

Индија со рекордни 1.4 милиони тони извоз на пченица во април

Објавено 11/05/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Индија во април извезе рекордни 1.4 милиони тони пченица, според четири трговски извори, со оглед на тоа дека купувачите бараат алтернативни решенија, по блокадата на извозот од црноморскиот регион поради војната во Украина, јавија странски медиуми.

Во април минатата година, Индија, вториот најголем производител на пченица во светот, извезе само 242.857 тони. Април е првиот месец од фискалната година во Индија. Земјата во фискалната 2021/2022 година извезе рекордни седум милиони тони жито. Во ова време од годината, земјата е единствениот голем снабдувач со пченица. Нејзиниот извоз на жито забележа раст, откако Русија ја нападна Украина кон крајот на февруари.

Индија ја искористи можноста и се вмеша во групата на најважни светски извозници на пченица

Изминатиот месец, Индија заврши со нова жетва, па нејзините испораки на пченица може дополнително да се зголемат во мај, истакнуваат трговци.

– Испораките во мај може да пораснат на 1.5 милиони тони, појасни застапник на глобална трговска компанија од Њу Делхи. Според него, понудата на пченицата и достапноста на железничките вагони се подобрени изминатите недели и тоа ќе овозможи поголеми испораки во мај. Клиенти од Азија и од Блискиот Исток купуваат индиска пченица бидејќи е поевтина од други алтернативи, додава изворот.

Индија извезува пченица во Јужна и Југоисточна Азија, на Блискиот Исток, во Европа и во Северна Африка. Поради намалено снабдување од Украина и од Русија, земјите што заедно сочинуваат околу 29 отсто од светскиот извоз на пченица, за првпат од Индија купи и водечкиот увозник Египет. Но, земјата во април извезуваше пченица и на други нови пазари, како на пример Израел, Турција, Индонезија, Мозамбик, Танзанија, наведуваат трговци. Индиска пченица купи и Светската програма за храна на Обединетите Нации, за да се снабдат Сомалија, Кенија и Џибути, додаваат изворите.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Индијапченица
Претходен напис Поставен камен темелник на новиот продажен центар на „Мебел-Ви“ во Струмица
Следен напис Пејчиновски: Корпоративната обврзница е потврда за успехот на СН Осигурителен Брокер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?