Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јули 2021 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 10.8 %, а кај аутпутот зголемувањето изнесува 0.3 %.
Во јули 2021 година, во споредба со јули 2020 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 111.4, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101.8.
Во делот аутпут, во јули 2021 година, во споредба со јули 2020 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 100.7, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 99.4.

