Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во август 2022 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 22.6 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 11.6 %.
Во август 2022 година, во споредба со август 2021 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 123.1, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 114.2.
Во делот аутпут, во август 2022 година, во споредба со август 2021 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 109.4, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 116.8.

