Преку РАССФ системот имало вкупно 4.695 известувања за остатоци од пестициди и патогени микроорганизми откриени во прехранбените производи. Земјите од кои имало најмногу предупредувања и понатаму се Германија, Холандија и Белгија.
Европската комисија во последниот извештај за 2023 година, објави дека има видлив пораст на предупредувања за небезбедна храна преку РАССФ системот. Според неа порастот е за осум проценти во однос на претходната година. Имало вкупно 4.695 известувања, а како и досега најголем број на известувања се однесуваат на остатоци од пестициди и патогени микроорганизми откриени во прехранбените производи. Земјите од кои имало најмногу предупредувања и понатаму се Германија, Холандија и Белгија.
Контролата на свежото овошје и зеленчук при увоз се врши на граничните премини каде е присутна граничната фитосанитарна инспекција. Целта на овие контроли е да се спречи внесување на производи кои не се безбедни за човечка исхрана, како и штетни организми, кои можат да нанесат голема штета на земјоделското производство.
Доколку при официјалните контроли се утврди дека одредени производи се неисправни или неусогласени, фитосанитарниот инспектор презема соодветни мерки, односно забранува увоз на такви производи и наредува враќање или уништување на таквите пратки.
Извор: slobodenpecat.mk