Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: И за месната индустрија субвенционирана струја, се очекува поевтинување на основните прехранбени производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > И за месната индустрија субвенционирана струја, се очекува поевтинување на основните прехранбени производи
Агровести

И за месната индустрија субвенционирана струја, се очекува поевтинување на основните прехранбени производи

Објавено 11/11/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата денеска треба да донесе дополнителна одлука со која и компаниите од месната индустрија ќе бидат ставени на списокот за добивање субвенционирана електрична енергија од 80 евра за мегават час.

Ова го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, а согласно одлуката, покрај „одгледувањето живина“, додадени ќе бидат и шифрите на дејности за одгледување свињи, молзни крави, овци и кози, со што целиот ланец на месната индустрија ќе биде покриен со субвенционирана струја.

Стопанската комора на Северна Македонија го поздрави ваквиот чекор и јавно и заблагодари на Владата што му излегува во пресрет на бизнисот во вакви услови на криза.

Според Комората, податоците од терен велат дека компаниите одгледувачи на животни работат во отежнати услови зашто сточната храна веќе е поскапена за 70 отсто. Тие бележат екстремен раст на транспортните трошоци, но и на сметките за струја, а сето тоа го доведува во прашање нивниот опстанок.

-Утре ќе се донесе дополнителна одлука со која ќе се прошири списокот на дејностите кои ќе бидат поддржани од Владата согласно барањата на Стопанската комора и целиот ланец на месната индустрија ќе биде покриен со субвенционирана електрична енергија, рече вчера министерот Бектеши откако одржа брифинг со новинарите.

Поради воведувањето на оваа мерка, тој очекува, како што нагласи, до крајот на наредната недела да се намалат цените на месните производи.

-Владата ќе излезе во пресрет на барањето на Стопанската комора за проширување на списокот со дејности кои ќе бидат поддршани со мерката субвенционирана електрична енергија од 80 евра за мегават час. Со новата Одлука за преземање мерка во услови на кризна состојба со електрична енергија, што според најавите на министерот за економија Крешник Бектеши ќе биде усвоена утре, покрај „одгледувањето живина“, ќе бидат додадени и шифрите на дејности за одгледување свињи, молзни крави, овци и кози, со што целиот ланец на месната индустрија ќе биде покриен со субвенционирана електрична енергија. Оваа нова Одлука ќе овозможи сите што имаат фарми за одгледување животни и се наоѓаат на слободниот пазар на електрична енергија, да бидат подеднакво третирани со мерките. Воедно, тоа ќе придонесе и за зачувување на сточниот фонд во земјата, наведе Комората.

Наредните денови намалување на цените и на лебот и млекото

Според министерот Бектеши кој порача дека сите треба да придонесат во справувањето со кризата и да бидат општествено одговорни, во наредните десет дена се очекува намалување и на цените на лебот и млекото.

-Во наредните десет дена очекуваме намалување на цените на основните прехранбени производи, посебно на тие наведени во Одлуката за утврдување на маржите од 5 до 12 отсто. И во делот на лебот веќе почна поевтинувањето. Очекуваме во наредните 3-4 дена намалување на цените на млекото и млечните производи, рече Бектеши.

Од 1 декември се очекуваат и поголеми поевтинувања, дополни министерот, ако суровините останат со истите увозни цени, а тогаш стапува во сила и мерката за субвенционирано снабдување со струја.

Може да ви се допадне

Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Таг:бектешимесомлеко леб
Претходен напис Денеска нè очекува облачно и ветровито време
Следен напис Денеска и утре саем на мед во Куманово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?