Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: И покрај релативно топлото време нема опасност од предвремен почеток на вегетацијата, велат агрометеоролозите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > И покрај релативно топлото време нема опасност од предвремен почеток на вегетацијата, велат агрометеоролозите
Агровести

И покрај релативно топлото време нема опасност од предвремен почеток на вегетацијата, велат агрометеоролозите

Објавено 31/01/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Минатата недела во земјава беше променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура. Но, иако ова релативно топло време за овој период од годината може да предизвика предвремен активен развој на растенијата, сепак, се уште не преставува опасност од предвремено потерување и почеток на вегетацијата, велат агрометеоролозите.

Ваквите временски услови, според нив, се уште се во границите на издржливост во услови на презимување.

-Периодите на затоплување се честа и неповолна појава за земјоделските култури во зимски услови. Генерално можат да бидат со пократки или подолги временски периоди. Денеска и утре времето ќе биде стабилно, а во недела попладне, во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник претпладне се очекуваат врнежи од дожд, а на планините од снег. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурата. Врнежите од дожд ќе придонесат за зголемување на влагата во почвата, со што се обезбедува добра залиха на влага за успешно навлегување на посевите во период на пролетен развој, истакнуваат агрометеоролозите од УХМР.

Тие препорачуваат, ако почвените услови дозволуваат земјоделските производители да почнат или да продолжат со активностите и грижата за посевите, како и со изведување на работи во поле.

-Да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и заштита од нив, апелираат агрометеоролозите. 

МИА

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:агрометеоролозитевегетацијатаопасносттоплото време
Претходен напис Сообраќајот по влажни коловози, магла во Сарамзалино, Неготино и Струмица
Следен напис Најмногу снег на Попова Шапка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?