Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Врнежите ќе ја подобрат влагата во почвата, да се следат посевите поради можна појава на болести и штетници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Врнежите ќе ја подобрат влагата во почвата, да се следат посевите поради можна појава на болести и штетници
Агровести

Врнежите ќе ја подобрат влагата во почвата, да се следат посевите поради можна појава на болести и штетници

Објавено 16/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врнежите дожд што зафатија делови од државата изминатите денови, ќе придонесат за подобрување на влагата во почвата, но го зголемуваат и ризикот од појава на болести и штетници. Агрометеоролозите предупредуваат, земјоделците да ги следат посевите и да ги преземат сите неопходни мерки за заштита.

Како што велат, сувото и топло време единствено беше поволно за жетва на јачменот и пченицата која е при крај, а на некои места е веќе завршена.

-Повеќето од културите се во фаза на берба. Компирот во некои региони е во фаза на цветање, кога се јавува интензивно формирање на клубени, чиј број и големина во голема мера зависи од условите. За време на овој важен период, кај компирот е потребно наводнување, прихрана, заштита од болести штетници и плевели. Градинарските култури се во интензивен раст и имаат голема потреба за вода. Секоја култура во својот развој има критични фази за вода зашто е голема потрошувачката и секој недостиг силно се одразува на приносот. Некои од овошките во овој период се во интензивен раст со појава на зрели плодови, а некои се во фаза на берба. Виновата лоза е во фаза на интензивен пораст и е доста осетлива на инфекции од најзначајните болести (пламеница, пепелница, сиво гниење) и штетници (сив гроздов молец). Затоа кај некои сорти се препорачува поголемо внимание и претпазливост. Токму овие временски услови одговараат за појава на тие болести и штетници, објаснуваат агрометеоролозите од УХМР.

УХМР предупредува на поголема внимателност во случај на електрични празнења и препорачува да не се престојува под отворен простор, да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, како и да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води.

МИА

Може да ви се допадне

АХВ: Нови случаи на болеста сипаници кај овци и кози – нема опасност за луѓето
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен
Национален парк „Галичица“: Забележана мечка над селото Горно Коњско, апел за зголемена внимателност
Без вода дел од Горно Соње, Рашче, Бојане и Копаница
Промоција на повикот за учество на македонските компании на ЕКСПО 2027 во Белград
Таг:влагатаВрнежитепочваташтетници
Претходен напис Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен
Следен напис АХВ: Нови случаи на болеста сипаници кај овци и кози – нема опасност за луѓето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?