Деловната средба на Smart Agriculture ги собра во Загреб хрватските и австриските претприемници и институции кои разменија искуства за одржливото земјоделство и негова дигитализација.
Хрватска во периодот помеѓу 2021 и 2027 година ќе има на располагање повеќе од пет милијарди евра средства од ЕУ за рурален развој, за проекти за дигитализација и нови машини, системи и технологија.
Токму дигитализацијата, односно фондовите за проекти и новите технологии во земјоделската и прехранбената индустрија беше во фокусот на австриско-хрватската деловна средба на Smart Agriculture, одржана на 16 јуни во Загреб и ден подоцна во Славонија во организација на Advantage Austria.
На овој собир државниот секретар на Министерството за земјоделство, Здравко Тушек ги најави тежиштата на руралниот развој во наредниот програмски период со акцент на дигитализацијата, интелигентно и одржливо земјоделство, што ќе резултира со бројни можности за соработка помеѓу австриските добавувачи за технологија и хрватските земјоделци.
Помеѓу компаниите и стартапите разменети се искуства, технологија, знаења, иновации и успешни приказни на подрачјето на паметното и прецизно земјоделство, како и еколошки и одржливи земјоделски дејности. Австриската компанија Austria Bio Garantie, CNH Industrial Österreich, naturevestHolding, HSR Heutrocknung SR, MAGROS e.U., Pessl Instruments, Schauer Agrotronic и smaXtec animal care ги претставија своите производи и услуги на потенцијалните деловни партнери од Хрватска, а потоа домашните технолошки компании и стартапи ги претставиле сопствените решенија на странските колеги.
Вториот ден на случувањето, претставници на австриските копмании посетиле три водечки хрватски земјоделски и прехранбени компании во Славонија – Жито, Беље и Осатина – за да се информираат за нивните инвестициски планови и паметни земјоделски проекти и ги претставиле своите производи и услуги. Разговарано е за можностите за соработка и долгорочни партнерства.
Оваа деловна мисија, наведуваат организаторите, создала основа за соработка на иновативните компании и институции на двете земји низ презентација за технологија и решенија, како и можности за финансирање на проекти од паметно земјоделство преку ЕУ фондови, како предуслов за уште подобри економски односи на двете земји.
Извор: agroklub.com
