Ве известуваме дека започнуваме со реконструкција и доградба на улица и крак 1 во село Јакреново, информира градоначалникот на Крушево – Томе Христоски.
Реализацијата на ваквите проекти е од исклучително значење за нашите сограѓани, бидејќи истите се клучни за модернизација и развој на локалната инфраструктура!

Време е да се решат многу предизвици и да се одговорат на потреби на сите!
Време е за поквалитетен и подостоинствен живот во секој дел од општината!

Со вистинска посветеност и транспарентност ќе се создаде средина каде секој жител ќе се чувствува среќен, задоволен и горд што живее во Општина Крушево!

Изминатиот период работевме посветено, продолжуваме со уште поголем интензитет, а јас и понатаму ќе продолжам да давам се од себе, да правам се што можам, да лобирам секаде каде што можам, Општина Крушево да го направиме поубаво и поатрактивно место за живеење.
Фејсбук статус на Томе Христоски
