Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа: Жетвата на пченицата е во полн ек, досегашните резултати се охрабрувачки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа: Жетвата на пченицата е во полн ек, досегашните резултати се охрабрувачки
Агровести

Хоџа: Жетвата на пченицата е во полн ек, досегашните резултати се охрабрувачки

Објавено 17/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, го посети Полошкиот Регион, каде одблиску ја проследи жетвата на пченицата и разговараше со земјоделците за резултатите и предизвиците во текот на оваа производствена сезона.

За време на посетата, Хоџа истакна дека пченицата останува една од стратешките земјоделски култури во државата и има значајна улога во обезбедувањето на прехранбената сигурност.

„Во производствената сезона 2025/2026 се засеани повеќе од 63 илјади хектари со пченица, а очекуваното производство се проценува на околу 221 илјада тони. И покрај неповолните климатски услови во текот на сезоната, досегашните резултати од жетвата се охрабрувачки и го потврдуваат трудот и посветеноста на нашите земјоделци“, изјави Хоџа.

Тој нагласи дека теренските посети се дел од определбата на Министерството за постојана комуникација со земјоделците и за непосредно согледување на состојбите и потребите на секторот.

„Жетвата е момент кога се вреднува трудот вложен во текот на целата година. Земјоделците заслужуваат почит за својата посветеност, а Министерството ќе продолжи да креира политики кои ќе го поддржуваат домашното производство и одржливиот развој на земјоделството“, истакна Хоџа.

Во рамките на посетата, беше проследен процесот на жетва со современа механизација, а со земјоделците беа разменети мислења за тековната состојба со производството на пченица во Полошкиот Регион.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Гром предизвика пожар кај село Макреш, изгореа околу 15 хектари
Состојба на земјоделските култури во Република Македонија и агрометеоролошка прогноза за периодот после 16.07.2026 година
Мавровско Езеро порибено со 460 килограми крап
Делови од Горно Соње и Бардовци без струја
Делови од Гази Баба и повеќе улици во индустриската зона без вода
Таг:охрабрувачкипченицатарезултатиХоџа
Претходен напис Домашен сок од вишни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?