Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа: Винарските визби да дадат извештај колку грозје ќе им биде потребно од годинашнава реколта
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа: Винарските визби да дадат извештај колку грозје ќе им биде потребно од годинашнава реколта
Агровести

Хоџа: Винарските визби да дадат извештај колку грозје ќе им биде потребно од годинашнава реколта

Објавено 03/02/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска во спортската сала “Борис Трајковски“ имаше прва средба со лозарите и претставници на винарниците пред почеток на сезоната со цел навремено информирање и заеднички активности за успешна година.

Како што вети министерот Хоџа, по завршувањето на целиот процес на исплаќање на финансиските средства за лозарите веднаш ја реализираше најавената средба.

-Денеска воспоставуваме дијалог меѓу лозарите и винарските визби за тоа каква година сакаме да имаме. Како што најавив по завршувањето на исплатата на средствата за лозарите, ја одржавме првата средба пред отпочнување на сезоната на грозјето на која ги искажавме нашите ставови дека во текот на минатата година ги исполнивме сите ветувања во делот на финансиската поддршка, во годината која беше лоша за лозарството, изјави Хоџа по денешната средба во Скопје со претставници на лозарите и винарските визби.

Тој посочи дека денеска се одржува првичниот состанок и најави уште неколку состаноци меѓу кои првиот ќе биде наредниот петок кога, како што рече, верува дека ќе има конкретни чекори како постепено до почетокот на откупот на грозјето од годинашната реколта Министерството за земјоделство да учествува и во советодавните тела, но и во менаџирањето како најдобро може да помине годинава во делот на лозарството, односно грозјето, виното и производите од вино.

-Верувам дека ваквиот однос на Министерството и партнерското поставување е решение и другите гранки да отпочнат дијалог во делот на откупот и  производството и во таа насока очекувам дека ќе имаме добри и позитивни резултати и да не се повтори лошата година што е зад нас, посебно за лозарите заради лошите временски услови, потенцира Хоџа.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:извештаилозариреколтаХоџа
Претходен напис Распишан конкурс за дигитални решенија за помош на туризмот – награди од по 15.000 евра
Следен напис Средба на министерот Хоџа со одгледувачите на овци и претставници на откупувачите и извозници на јагне
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?